1Пролетта речиси пристигна со нови лежерни трендови. Дозволете ѝ на новата сезона да го обземе вашиот плакар.

3 4 6ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ПРОЛЕТ

Цветни принтови и нежна розова пресликани на лежерни парчиња како парка јакни и фармерки од темен тексас се одличен избор за почеток на сезоната. Сината и зелената ги освежуваат овие секојдневни силуети2Машка колекција која е лесна за носење и комбинирање. И кај мажите едни од главните парчиња се спортските парка и бомбер јакни дополнително украсени со амблеми.

 

ЉУБОВ ВО ПРУГИ

Сина, црвена, бела и мнооогу пруги. Модерно оваа сезона повеќе од кога и да е. И за него и за неа.

8

Под влијание на трендот од 70-ите оваа колекција нуди обновена верзија  на морнарскиот стил со ѕвонести панталони, плетени блузи со широки ракави, здолништа со А-форма и копчиња, како и кратки парка јакни.7Секојдневен, лежерен изглед и спортски стил. Блузони, лесни јакни и светол тексас за освежување на пролетната гардероба на момците.

ПОЗДРАВ НА СОНЦЕТО

Пролетта е тука! Нова сезона со нови неодоливи тонови. Прекрасна палета на бои ја претставува сезоната на младешки начин. Пастелна розова, сина и бела боја, разиграни принтови и симпатични, женски поло маици.

11

Како и женската колекција, така и машките предлози за сезонава се фокусираат на светлите бои како розовата, жолтата и тиркизната во комбинација со секогаш актуелниот тексас во светли нијанси.

ВО КАНЦЕЛАРИЈА

За тренди релаксиран изглед од понделник до петок дел од колекцијата на Springfield нуди парчиња кои ќе направат промена во работното секојдневие. Мантили, краток бел фустан, лежерни чино панталони, блузи и кошули

12

Едноставни силуети и клучни парчиња во машката гардероба. Дискретни бои кои лесно се комбинираат. Сива основа во повеќе варијанти и едноставни шари инспирирани од урбаната култура.

13

СИТЕ НАДВОР, ДОАЃААТ ТОПЛИ ДЕНОВИ

 Време за поло маици со нов струкиран крој – новитет во колекцијата на Springfield. Во комбинација со шоршеви од разновидни материјали и доминација на жолтата и црвената боја. Едноставно и “cool”

Блузи со исписи, амблеми и декорации и бомбер јакните од превртена кожа се одлична комбинација со шорцеви од светол тексас. Парчињата инспирирани од кимоното се лесни и нежни заедно со кошулите порабени со тантела.

14

16

 

15

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПронајден вториот најголем дијамант во светот
Следна објаваМодните трендови за мажи, пролет 2016!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ