Италијанската покраина Ferrara, сместена крај реката По во северниот дел на Италија е позната како „кујната на Италија“. Градот Ferrara, пак, е град преполн со музеи и галерии, но и велосипеди бидејќи за Италија претствува главниот град на велосипедите.

Доказ дека Ferrara е навистина синоним на италијанската кујна е видеото Ferrara Foodie, чиј автор е Caspar Diederik. Ова видео ни ја открива уметноста на правење тестенини, а за оние кои имаат малку поголема љубов кон десертите, тука е и начинот на нивна подготовка и послужување.

Иако е насочено кон храната, Ferrara Foodie сепак нуди приказ и на архитектурата во регионот, како и музеите кои може да се посетат. Италијанскиот темперамент и дружељубивост совршено се провлекуваат низ видеото и ја довршуваат сликата која треба да ја добиеме за Италија.

На вашите сетила ќе им се допаѓа тоа што ќе го видите.

НЕМА КОМЕНТАРИ