horoskop2-640x420

ОВЕН

Работа – Марс, владетелот на вашиот знак, нуди бројни аспекти во нарениот период и вашиот живот ќе биде исполнет со важни случувања. Со добро oсмислен пристап и одредена доза на мудрост, ќе успеете да ги заштитите своите деловни интереси. Без разлика на факторот на изненадување и нелагодностите низ кои сега поминувате, секогаш постои добро решение. Многу убави работи ќе ви се случуваат овие денови.

Љубов – Авантура на видик. Прифатете го повикот на личноста која остава позитивен впечаток на вас и која успева да ве размрда. Таа е темпераментна и одлично се согласувате.

Здравје  – Нервна напнатост – вежбајте јога.

БИК

Работа  – Поминувате низ динамичен деловен период во кој ве пратат различни дилеми, но со поголемо трпение и упорност ќе успеете да воспоставите контрола во многу ситуации. Избегнувајте соработка со непознати личности и не дозволувајте некој да ве наведе на погрешни одлуки. Исцрпени сте и невнимателни во разговори со озборување. Заборавете ги конфликтите од минатото, свртете се кон иднината.

Љубов – Не е правиот час за емотивните раскинувања. Стрпете се, кавгата со партнерот може да избега од контрола. Слободните знаци на овој знак, можат да очекуваат средба со стара симпатија.

Здравје – Смирете ги нервите, ќе ви биде подобро – најдете хоби.

БЛИЗНАЦИ

Работа – Внимателно анализирајте ги случувањата на работа, вам ви е важно да бидете добро информирани. Успешно завршивте некоја голема работа и тоа ве исполнува со оптимизам. Новите информации ви отвораат различни можности за работа. Ќе имате успешни деловни контакти, но сепак бидете внимателни. Не започнувајте повеќе работи одеднаш.

Љубов – Ве очекуваат исклучително убави моменти со партнерот или ново познанство доколку сте сами. Ќе уживате во дружење и размени на идеи со блиски пријатели.

Здравје – Зајакнете го имунитетот – можни се мали здравствени проблеми.

РАК

Работа – Се наоѓате во креативна фаза, полни сте со добри идеи, но владетелот на вашиот знак Месецот, е во лоша поставеност целата недела, што значи одлагање на сите договори. Тоа би требало да го разберете како некоја опомена. Учете се на трпеливост и сватете дека времето работи за вас. Деловните недоразбирања и зголемената динамика, доведуваат до мали конфликти со колегите, но тоа нема да ви пречи да ги исполните своите цели.

Љубов – Имате шанси да воспоставите хармонични односи со личности во знакот на Вага или Водолија. Покажете на дело колку ви е важна саканата личност. Не штедете на нежност и емоции.

Здравје – Можни се респираторни проблеми и проблеми со бубрезите.

ЛАВ

Работа – Не верувајте на лажни ветувања, некој се обидува да ве намами и да ви претстви некои работи подобри отколку се. Пред да потпишете било каков договор, проверете се.
Љубов – Можеби многу лесно ќе се впуштите во некоја врска. Лесно може да се случи сосема погрешно да сте го оцениле партнерот. Доколку е можно, обидете се да не се опуштате премногу, пред да се отворат сите карти.

Здравје – Имунитетеот ви е намален, потребен ви е одмор.

Девица

Работа – Ако се занимавата се приватна работа, очекувајте мали проблеми и компликации на тој план. Внимавајте кој се ви се плетка во финансиите. До крајот на неделата, ќе успеете сите овие проблеми да ги решите.

Љубов – Помалку се досадувате кога е во прашање љубовното поле. Можно е во врската да владее монотонија и помалку сте спремни да флертувате на страна. Сепак, на тоа поле немате некаков успех.

Здравје – Внимавајте на бешиката и стомакот.

ВАГА

Работа – Стабилизација на деловното поле и зацврстување на деловните договори кои сте ги направиле од порано. Деловната состојбата е стабилна и точно знаете на што сте. Задоволни сте со моменталната позиција.

Љубов – Тешко доаѓате до некоја промена на љубовното поле, иако тоа го посакувате. Едноставно, како работите да не ви одат од рака. Тешко ви е да ја прифатите самотијата, но сепак некои работи не се прават на сила.

Здравје – Можни проблеми со кашлица, внимавајте на респираторните инфекции.

ШКОРПИЈА

Работа – Приоритет ви е решавањето на финанските проблеми и целосно сте посветени на тој план. Ништо друго не ве интересира, туку само заработувачка, прифит, кеш. Ќе бидете успешни во својата цел, не грижете се за тоа.

Љубов – Емотивните случувања се во втор план, недоволно сте му посветени на партнерот. Тој разбира кои ви се сегашните приоритети, ги подржува вашите амбиции, така да некои поголеми проблеми нема да имате.

Здравје – Проблеми со забите.

СТРЕЛЕЦ

Работа – Не сте во поволна позиција да донесете важни деловни одлуки. Брзате, а тоа може да ви донесе големи проблеми. Обидете се да се воздржите од било какви промени во оваа фаза. Бидете трпелливи.

Љубов – Можни се кавги и конфликти со партнерот. Во некои ситуации сте премногу груби кон него, обидете се работите да ги согледате од негов агол.

Здравје – Проблеми со главоболка и мигрена.

ЈАРЕЦ

Работа – Одличен период за деловна стратегија и планови за иднината. Сега ја имате вистинската слика за деловната ситуација и на таа основа можете да ја направите адекватната деловна тактика.

Љубов – Си поставувате премногу кочници самите себеси и не можете целосно и отворено да ја искажете љубовта кон саканата личнист. Потребно е да поработите на тоа и посериозен пристап во комуникацијара со партнерот.

Здравје – Оптеретени сте со нервозата кои самите си ја наметнавте. Внимавајте на алкохолот и вашите пороци, не претерувајте.

ВОДОЛИЈА

Работа – Ве очекува помош и подршка од постар колега и соработник. Сем тоа, одличен период за влегување во заеднички проект со некој од вашите пријатели, кој може да биде успешен.

Љубов – Полека ја губите самодовербата бидејќи личноста која ви се допаѓа не ви посветува доволно внимание. Имате чувство дека работите не одат во добар правец и реално, немате шанси за врска со таа личност.

Здравје – Можни проблеми со циркулацијата во нозете и зглобовите.

РИБИ

Работа – Важно е, силно да се фокусирате на работното поле оваа недела. Ќе имате многу важни случувања на работа и затоа е битно на прав начин да се поставите и да ја покажете својота способност  во одредените ситуации.

Љубов – Ќе флертувате со некоја личност од вашиот деловен круг. Свесни сте дека врската може да доведе до конфликт на интереси, но, засега ви е многу убаво и не сакате да прекинете.

Здравје – Проблеми со рбетот. Правете лесни вежби или одете на терапија.

 

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПатување во Хелсинки | видео
Следна објаваЕма Вотсон и Том Хенкс Ве повикуваат на разговор
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР