Единствениот таен агент кој што е потполно опремен.

Grimsby_IMG1_bigНоби е симпатичен, но прилично глупав навивачки хулиган од Англија. Тој ќе се здружи со својот одамна загубен брат, Себастијан, агент на МИ6 со дозвола за убивање. Ноби, заедно со својот брат ќе треба да спречи глобален терористички напад и да докаже дека зад секој голем шпион стои братот близнак од кого треба да се срамиш.

Grimsby_IMG2_bigЧовекот кој ги донесе Али Џи и Борат се враќа како Ноби. Англискиот актер, Саша Барон Коен, повторно ќе имаме можност да го гледаме во откачената комедија „(Не)професионалец“ каде што се обединува со Марк Стронг за спасување на светот. Сега сите сме во „сигурни“ раце!

Grimsby_IMG3_bigШпион од МИ-6 (Марк Стронг) има брат. За жал, тој е англиски хулигански фудбалер од градот Гримзби. Ноби има сѐ што еден маж од сиромашен англиски град би посакал – 9 деца и најатрактивната жена во северна Англија (Ребел Вилсон). Но, има една работа што недостасува во неговиот живот: неговиот мал брат Себастијан.

Grimsby_IMG4_bigОд кога биле посвоени од различни фамилии како деца, Ноби поминал 28 години барајќи го својот брат. Штом слушнал за неговата локација, Ноби тргнува да се обедини со неговиот брат, не знаејќи дека не само што неговиот брат е шпион на МИ-6 туку и дека открил завера која ќе го стави целиот Свет во опасност. Бегајќи и неправедно осуден, Себастијан ќе сфати дека ако тргне да го спасува светот, ќе му биде потребна помош од брат му.

Grimsby_IMG5_bigПремиерното прикажување на „(Не)професионалец” пред македонската публика бешe на 03.03.2016, по што филмот е поставен на редовната кино програма во Cineplexx.

Divianarts.com е медиумски покровител на кино Cineplexx МК.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЕлеганција и минимализам [62 м2]
Следна објаваИлустрации на животни направени од суви листови
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ