Едноставни начини за комплетна детоксикација!

Едноставни начини за комплетна детоксикација!

Време е за детоксикација (чистење) на организмот!

05-water-and-lemon-istockphoto2

Сезонскиот детокс, е добар начин да го исчистите телото од токсини, да го забрзате метаболизмот и подобрите севкупното здравје! Со овие неколку супер едноставни начини ќе направите комплетен детокс без мака! Верувајте ни, ќе се чувствувате подобро од било кога, со засилен имунитет и спремни за поздрав почеток на пролетта!

zeleni

  1. Започнете со намалување на шеќерот кој го внесувате во организмот – а тоа го вклучува и медот, меласата и вештачките засладувачи. Ако консумирате многу шеќер, вашето тело мора да произведува повеќе инсулин, долгорочно, ваков начин на живот може да го предизвика дијабетесот, хроничен замор или едноставно зголемени килограми.
  2.  Секое утро испијте чаша вода со исцеден лимон. Лимонот помага во рехидратацијата и побрзо отсранување на отпадот од вашиот организам.
  3. Редовни телесни вежби кои ја креваат циркулацијата во крвниот и лимфниот состав. Го смалувате стресот и го зајакнувате своето тело. Докажан факт е дека луѓето кои повеќе вежбаат имаат помалку токсини.
  4. Чајот, не само што е полн со антиоксиданти, туку врши и хидратација на вашето тело, ако е од билки, а воедно го намалува гладот. Тоа значи дека шансите за прејадување се многу мали, а кофеинот кој се наоѓа во чајот е многу поблаг за вашето тело отколку тој во кафето.
  5. Разните видови на овошје и зеленчук во исхраната би требало да биде вашиот главен фокус. Треба да јадете што повеќе свежа и органска храна, на преработената и недостасува се она ошта на вашето тело му треба и бара. Темно зелениот зеленчук, има ниска калорична вредност, па слободно можете да претерате со него.
  6. Не заборавајте дека алергените и загадувањата се секаде околу нас. Насекаде се во воздухот и во секој момент може да се развие алергијска реакција. Тоа што стручните лица често предлагаат е плакнење на носната празнина, како би ги елиминирале загадувањата од воздухот кои можат да доведат до потешкотии со дишењето.
  7. Редовна посета на сауни, можат да направат голема помош во ослободување на токсините од телото – затоа што зноењето е една од главните ставки на детоксот.
  8. Пилинг на целото тело и масажи со масла, можат да ви помогнат во решавањето на токсините од кожата и ќе ја освежат вашата циркилација – да не заборавиме дека кожата е нашиот најголем орган!

    saunabig

СПОДЕЛИ
Претходна објаваOцетот од јаболки е решение за многу проблеми во организмот!
Следна објаваZara Home: Пролетна колекција 2016
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР