насл

Новата колекција на Ланком за пролет 2016 е инспирирана од имагинарните патувања проткаени со грациозност и љубов. Познатата париска козметичка куќа повторно ни покажа што значи префинетост, сензуалност и елеганција во игра со иновативни текстури и впечатливи бои. Колекцијата вклучува прекрасни палети сенки, руменила, кармини, моливи и лакови. Посебно се издвојува палетата на 9 бои во различни нијанси, My Parisian Pastels, кои заедно прават една голема, пастелна коцка. Палетата ја сочинуваат три корективни нијанси, три руменила и три пастелни тонови.

1

Уште едно изненадување од Ланком е руменилото спакувано во округла кутија во форма на балон со иновативна структура која наликува на пластелин. Руменилото доаѓа исто така во пастелни, свежи бои, кои одговараат на разиграноста и свежината на пролетта.

4

2 4 20 21 24

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМодерни парчиња со кои ја повикуваме пролетта!
Следна објаваНеделна програма во Јавна Соба
Креативната страна на животот под поинаков агол, каде важи правилото "less is more" е она што го опишува овој член на креативното семејство. Со оптимистичен пристап и позитивна енергија, сиот труд го насочува кон доброто и инспирацијата, кон вистинските вредности; како што е уметноста и квалитетниот креативен израз. Со поедноставување на животот, стои рамо до рамо со останатите креативци во тимот на Divian Arts.

НЕМА КОМЕНТАРИ