Во сабота (27.февруари), со почеток од 20 часот, во Македонската oпера и балет ќе биде изведен романтично-фантастичниот балет во два чина, „Жизел“.

mob_7__9

Праизведен е во Париз, во 1841 година. Тој е еден од ретките балети кои имаат непрекината традиција на изведување.Во „Жизел“ ќе настапат: Мими Поп Алексова-Атанасовска, во насловната улога, Алберт: Бобан Ковачевски, Хиларион: Дојчин Дочев (Бугарија), Мирта: Ивана Коцевска, Селско Па де де: Андријана Петковски и Игор Веланоски. Настaпуваат солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на МОБ. Кореограф е Леонид Лавровски (Русија), диригент, Бисера Чадловска.

2

mob_3__10

Првиот чин (реалистичниот), ја прикажува средбата на Жизел- девојка од село и грофот Алберт, кој е дојден на лов. Таа безгранично се вљубува во него, но не знае дека тој е благородник. Шумарот Хиларион, кој исто така ја сака Жизел, дознава за потеклото на грофот и кога неговата свита доаѓа во градот, меѓу кои и неговата свршеница Батилда, тој го разоткрива Алберт пред сите. Жизел не можејќи да ја прифати лагата за лажната љубов умира од болка.

mob_4__10

mob_6__9

Вториот чин (фантастичниот) ја прикажува играта на самовилите, кои всушност се девојки кои умираат пред својата свадба. Тие преку ноќ излегуваат од своите гробови и танцуваат. Секој што ќе ја види нивната игра мора да умре. Таа ноќ во шумата доаѓа Хиларион, а потоа и Алберт и ја искажуваат својата љубов на мртвата Жизел. Хиларион е фатен од самовилите и убиен, а Алберт го спасува љубовта на Жизел, која со него игра до раните зори. Кога сонцето изгрева самовилите исчезнуваат.

rsz_443-444_giselle_08-02-14

Divianarts.com е медиумски покровител на МОБ.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваХит модели очила за сонце за сезоната пролет-лето 2016
Следна објаваЕлегантен стан со неутрални бои
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ