По повод светскиот ден на Жената, во вторник, 8 Март, со почеток во 20 часот, Македонската опера и балет приредува концерт насловен: ЗА ДАМАТА…Гала вечер, со кавалерите на МОБ!

1797467_1279146278779256_5146334438948681284_n (1)

За концертот е предвидена специјална програма, составена од популарни арии, увертири, хорски нумери и наполитански канцони. Покрај оркестарот на МОБ, ќе настапат исклучиво машки исполнители, солисти и машкиот хор. Борис Трајанов и Марјан Јованоски (баритони), Цветан Стојановски, Ѓорѓи Цуцковски, Зоран Сотиров и Марјан Николовски (тенори) и Владимир Саздовски (бас). 

По исклучителната изведба на сценската кантата „Кармина Бурана“, оркестарот повторно ќе го предводи младиот диригент Иван Еминовиќ, а со неколку изненадувања вечерта ќе ја збогати режисерот Дејан Прошев.

Македонската опера и балет на сите жени им го честита празникот 8 Март, а овој концерт ќе стане традиционален токму во нивна чест.

d0bcd0b0d198d181d0bad0b8-d0bed0bfd0b5d180d181d0bad0b8-d0b2d0b5d187ed180d0b8-1

Divianarts.com е медиумски покровител на МОБ.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЛакирање на нокти со новиот изум Tweexy!
Следна објаваМодерна блуза која изгледа добро за сите возрасти!
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ