SF2LA е едно навистина интересно видео кое го покажува патувањето на Gary Paitre од Сан Франциско до Лос Анџелес. Помеѓу преубавите зајдисонца и впечатливите пејзажи се појавуваат и интимните моменти разменети помеѓу сопругата и ќерката на Paitre кои патувале заедно со него.

Без разлика дали гледаме дел од природата во околината помеѓу Сан Франциско и Лос Анџелес или пак дел од урбаниот простор на градовите, SF2LA прави да посакаме да тргнеме на патување, крајната дестинација не е ни важна.

 

 

 

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР