Одамна е познато дека ритуалите пред спиење влијаат и тоа како на енергетското ниво следното утро. Според претприемачкиот советник, Business Insider, нешто што е најстрого забрането е окупираноста со работните обврски пред да започне сонот. Токму она што сите ние имаме тенденција постојано да го правиме…

Man trying to sleep with a pillow over his head

Обврските ни влијаат на сонот, а сонот ни влијае на продуктивноста. Овој маѓепсан круг на хроничниот замор можеме да го прекинеме токму со исклучување на уредите кои често ги користиме пред да си легнеме. Оставете го Instagram, оставете ги лајковите на Facebook, едноставно исклучете го телефонот и тргнете го настрана.

А што да правиме пред спиење?

Времето пред спиење е совршено за вежбање. Не само што ќе ја подобрите својата здраствена состојба, туку и ќе го ослободите телото и духот од сите последици кои дневните стресори ги направиле. Никој од Вас не бара да истрчате маратон пред спиење, но едноставни вежби за истегнување и тоа како ќе ја подобрат Вашата здраствена состојба.

Иако долго време се веруваше дека вежбањето во периодот пред спиење го нарушува сонот, National Sleep Foundation откри дека физичката активност во било кој дел од денот го подобрува спиењето, додека многу студии докажаа дека пешачењето го намалува стресот и анкциозноста.
Па што чекаме тогаш?

Време е да ја пронајдеме совршената активност за нас и да ја зголемиме продуктивноста, енергијата а и воедно да го подобриме сонот.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПортретот на “Henriette Moraes” продаден за 26 милиони евра
Следна објава10 класични модни комбинации
Најмладиот член на семејството кое ја создава креативната страна на животот нуди нова перцепција на авантуристичкиот дух кој цели кон откривање на креативитетот низ сите агли на Земјата. Со изострен вкус посветен на седмата уметност, со мелодична селекција и мотивациона природа се труди да ги доближи вредностите на неконвенционалниот стил на живот до помладата публика.

НЕМА КОМЕНТАРИ