„Papa“ („Тато“) е анимиран краток филм кој го прикажува односот помеѓу еден зафатен татко и неговата ќерка. Автор на ова видео е Natalie Labarre, аниматор и илустратор од Њујорк. „Papa“ ќе се појави на големото платно на 27ми и 28ми февруари.

Papa слика

Ексцентричниот пронаоѓач сфаќа дека е ужасен татко, па еден ден одлучува да направи нов во својата работилница. Преку совршено доловените изрази на лицето „Papa“ ги прикажува ситуациите во кои таткото ја разочарува и изневерува својата ќерка, па се обидува да се искупи.

Иако на почетокот ќерката го прифаќа новосоздадениот татко – робот, сепак и двајцата сфаќаат дека ниту една машина не може да го замени нивниот однос.

Интересен краток филм за сите зафатени татковци и деца кои го чекаат нивното внимание.

НЕМА КОМЕНТАРИ