Marius Vieth е 27 – годишен германец, вљубеник во уличната фотографија. Како што самиот кажува, толку вљубен што пред две години бил доволно луд да мисли дека може да живее од тоа, па му успеало.

За да ги улови неверојатните моменти Marius патува низ целиот свет, а Амстердам го издвојува како град каде што се чувствува како дома. Добитник е на 21 интернационална награда, меѓу кои Урбан фотограф на годината, 2014.

Vieth се обидува да го долови духот на градот кој што го фотографира, а дождот во комбинација со уличните светла додава доза на мистичност во неговите фотографии.

1 2 3 4 5 6 7

НЕМА КОМЕНТАРИ