Секој дизајн на брендот Hugo Boss содржи безвременска елеганција, која никогаш не излегува од мода. Со нетипичната историја и долгогодишната традиција, Hugo Boss по никоја цена не отстапува од својата дизајнерска филозофија. Како и секогаш досега, брендот ја претстави колекцијата за пролет/лето 2016 година, која ги содржи сите модни парчиња кои му се потребни на еден современ маж. Францускиот модел Клемент Шаберно има главна улога во кампањата, претставувајќи ги нивните секогаш елегантни парчиња, кои многу лесно може да се комбинираат и со облеката од претходните сезони. Зад кампањата стои креативното дуо Инез и Винуд, а како инспирација ја имаат играта на архитектурата и природата, со своите форми, облици, сенки и бои. Новата колекција на Hugo Boss е совршена за сите префинети, модерни мажи, кои сакаат во секој момент да го прикажат најдоброто од себе и никогаш не отстапуваат од својот стил.

1 2 3 4 5 6

Коментари

коментари

НЕМА КОМЕНТАРИ