Зарем има нешто поубаво и поинспиративно од љубов? Вечна и неисцрпна тема, непресушна инспирација, извор на сè што живее. Токму поради тоа, за претстојниот Ден на љубовта и на заљубените, решивме да ве инспирираме со неколку цитати. Иако љубовта како тема е сеприсутна, особено во овој дел од годината, нам никогаш не ни е доста од љубовни мисли искажани од мудри умови. Уживајте и сакајте се.

1

Бакнежот го подмладува срцето. – Р. Брук

2

Зарем не сме како два тома од истата книга? – М.Д. Валмор

3

Ако има љубов, има и живот. – М. Ганди

4

Срцето си има свои причини кои разумот не ги знае. – Б. Паскал

5

За нас двајца, домот не е место, ами човек. И конечно сме дома. – С. Перкинс

6

Не сакаш некого бидејќи е совршен. Го сакаш и покрај тоа што не е. – Џ. Пико

7

Да сакаш и да си сакан значи да го чувствуваш сонцето од двете страни. – Д. Вискот

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМоден стил: Кошула + Џемпер
Следна објаваПодарок за празникот на вљубените
Креативната страна на животот под поинаков агол, каде важи правилото "less is more" е она што го опишува овој член на креативното семејство. Со оптимистичен пристап и позитивна енергија, сиот труд го насочува кон доброто и инспирацијата, кон вистинските вредности; како што е уметноста и квалитетниот креативен израз. Со поедноставување на животот, стои рамо до рамо со останатите креативци во тимот на Divian Arts.

НЕМА КОМЕНТАРИ