Њујорк е полн со осамени луѓе кои ја бараат својата друга половина. Она што е заедничко за Алис, Робин, Луси, Мег, Том и Давид е потребата да научат да живеат соло во свет полн со различни дефиниции за љубов.

How_to_be_Single_IMG4_big

Случаен секс, состанок на слепо, кога да се земат, страв од обврски. Ова најдобро го разбираат тие што се соло. Постои вистински и погрешен начин да се биде соло, а постои и начинот на Алис. И на Робин, и на Луси, на Том, Мег и на Дејвид.

How_to_be_Single_IMG2_big

Четири девојки со кул совети, ќе им помогнат на сите да научат „Како да се биде соло“ во свет полн со разни дефиниции на љубов. Тие нема да ве остават да здивнете од забава и смеа, а особено нема да ве остават на вода бидејќи сметаат дека треба нешто појако. Едноставно ќе уживате во најдобриот дел од вашиот живот.

How_to_be_Single_IMG3_big

Њујорк е полн со осамени срца што трагаат за „она вистинското“, за „набрзинка“ или за нешто помеѓу. Некаде меѓу сите тие пораки полни со флерт и сексот за една вечер, тоа што е заедничко за сите соло луѓе е потребата да научат како е да се биде соло во свет во кој правилата на љубовта постојано се менуваат. Да се спие наоколу во градот што никогаш не спие, никогаш не било позабавно.

How_to_be_Single_IMG1_big

Според нив нема ништо подобро од смеење со пријателките. Затоа, на 14-ти февруари на „Денот на вљубените“, во киното Cineplexx ќе се одржи Ladies Night. Сите девојки ќе ги очекува многу смеа, убави подароци и изненадувања, а пред сѐ одличен филм.

How_to_be_Single_IMG5_big

Премиерното прикажување на „Како да се биде соло“ пред македонската публика e на 11.02.2016 (четврток), по што филмот ќе биде поставен на редовната кино програма во Cineplexx.

Divianarts.com е медиумски покровител на кино Cineplexx МК.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваУрбано и спортски од Ирина Тошева за „Цеботекс“
Следна објаваМоден стил: Кошула + Џемпер
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ