Слика 5

Дуксери, маици и хеланки се само дел од колекцијата со потписот на дизајнерката Ирина Тошева во продукција на македонската фабрика „Цеботекс“, која беше презентирана денеска  на скејт – паркот лоциран на Кејот на реката Вардар, во организација на Моден викенд Скопје.

Слика 2

Колекцијата која вбројува 15 спортски машки и женски парчиња и го носи името  „Cebotex activewear by Irina Tosheva“  беше претставена со необичен перформанс на манекенки, „бемиксери“ и „блејдери“  со  музиката на диџејката Ана Мало.

Слика 1

Спортската колекција е реализирана во рамките на проектот „Професионално менторство, соработка и размена на знаења и техники меѓу дизајнерите и фабриките“ кој е поддржан од Министерството за економија на РМ, односно Секторот зa претприемништво и иновации.

Слика 3

Проектот е дел од бизнис програмата на последната дванаесетта сезона на Моден викенд Скопје,  која резултираше со соработка помеѓу македонската фабрика за спортска гардероба „Цеботекс“ и дизајнерката Тошева која работеше на колекцијата неколку месеци.

Слика 6

„Редовно ги поддржуваме талентираните дизајнери и развојот на домашната економија. Со таа цел се трудиме да ги поврземе креативците со македонските фабрики и брендови. Сметаме дека Македонија има дизајн кој не заостанува во однос на познатите странски брендови а и цените на оваа колекција се достапни за домашните купувачи.“, велат организаторите на настанот.

Слика 4

Фотографиите од денешниот настан се на „Ани и Дими“.

Во продолжение, премиерно ви го претставуваме и каталогот кој Ирина Тошева и нејзините соработници го изработија за заедничката соработка на модната дизајнерка и „Цеботекс“. Тимот кој работеше на фотографиите за каталогот го сочинуваат: Ани&Дими (фотографија), Анита Гај (графички дизајнер), Виктор Цветановски (кастинг), Јована Коциќ (шминка), Студио Cool Cut (фризура), Александра Наумова и Иван Ристевски (модели), My:Time (часовник), Converse (патики) и Panda optic (очила за сонце). Продуцент на кампањата е Света Богова- Јовановска.

Парчињата од колекцијата се достапни за продажба во ателјето на дизајнерката Тошева како и на веб страниците www.bastetnoir.com и www.irinatosheva.com.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМистериозната убавина на (Maijishan,China)
Следна објава[Филм] Како да се биде соло
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ