1

Ви претставуваме компактен мини стан со површина од само 28 метри квадратни, дизајниран и уреден за потребите на млада двојка. Сместен е во Сочи, Русија, а дело е на архитектката  Олеся Пархоменко. При конципирањето на проектот, главните барања на станарите биле да се создаде позитивна и релаксирана атмосфера во ентериерот, да содржи минимум парчиња мебел и само основните нешта за пријатен престој, како и да не се затвора балконот, за да можат да уживаат во убавите глетки. Резултатот е динамичен, игрив и младешки дизајн, со кој максимално се искористува расположливата квадратура, а сепак е умерен, минималистички и воопшто не е задушен. Изоставен е класичниот дневен престој, за сметка на спалната соба која има централно место во домот, а следејќи ги желбите на сопствениците, кои преферирале место за одмор и опуштање. Доминира белата боја, во тандем со впечатливи сини и жолти акценти, како и декоративни циглени ѕидови, што на просторот му дава урбан, модерен и скандинавски призвук. Во продолжение, погледнете ги фотографиите и пронајдете ја омилената идеја и за вашиот животен амбиент.

2 3 4 5 6 7 8 9 10 11

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСлатки секојдневни предмети од волна
Следна објаваНаправете сами модерна саксија за цвеќе!
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ