На 30 јануари со почеток во 20:00ч во центарот Јавна соба се отвора изложбата „Деновите на Тетрис“, исклучително интимно гледиште на еден светски патник претставено низ призма на фото запис. Влезот за сите посетители е бесплатен.

Бимбилоски, кој моментално живее и работи во Охрид, живеејќи во значајните светски културни културни центри како Париз, Њујорк, Истанбул, успева да ги отслика миговите и животот на поединци во една субкултура, во едно поранешно време кое со својата оригиналност е предвесник и е од суштинско значење за развитокот на културните моменти и денешната субкултура којашто е делумно прифатена.

pighouse1 80x55cm Во исто време авторот ја задржува и врската со своите корени во Македонија и преку одредени симболики компарира и поттикнува дебата и буди спомени. Изложбата е вешто осмислена компилација на фотографии регистрирани со аналоген фотоапарат, каде што во преставените интимни ситуации има едни кои се покогнитивни за нас и се истовремено општествено прифатливи, додека оние кои се разликуваат не се посакувани или се сметаат за крајно провокативни.

Експлицитноста и јачината на пораката од фотографиите, поттикнуваат критика и навраќање кон минатото, кон ерата пред дигиталната фотографија и интернетот кои ги донесоа со себе фотографиите со најинтимните мигови на еден човек во социјалните мрежи.

istanbulstudents2 65x80

Алек Бимбилоски има објавувано фотографии на групните изложби МОДЕРНА ТУРЦИЈА – Petit Palais Paris, “СОНОТ И ГРАДОТ” – Центар на Модерна Уметност  Le Blanc Mesnil, “БОРБА”- Antwerp, за списанијата “L’Officiel”-Paris, “Jalouse”-Paris, “Vogue”-Italia, “Flaunt”-New York

Центарот Јавна соба е отворен секој ден од 9:00 до 24:00ч

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПаралелните светови во Торонто
Следна објаваПрекрасна колекција на ARMANI Privé во Париз!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ