1

Доколку некогаш сте посакале да се изгубите во снежната идила на француските Алпи, тогаш вилата Tichka е идеално место да ги остварите сите свои сништа. Сместена е во мало и идилично село во близина на Мерибел, а со дизајнот на ентериер и удобноста, вилата може да се натпреварува дури и со најлускузните модерни алпски одморалишта во Куршевел или Зермат. Прекрасните бели и црвени декорации и даваат изразена стилска нота, претворајќи ја вилата во планинска оаза за пријатен семеен престој, или, пак, совршено место за романтично бегство на љубовна двојка. Погледнете ги фотографиите и инспирирајте се во пресрет на викендот.

2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17

СПОДЕЛИ
Претходна објаваШто видовме на Модната недела пролет/лето 2016 во Париз ?
Следна објаваФото на денот | Под сонцето
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ