Франсоа први, кралот на Франција, еден од најголемите љубители на уметност во своето време, сакал своето кралство да го направи центар на Ренесансата во Европа. Тој во 1540 година го поканил Бенвенуто Челини на вечера и му понудил награда од 1000 скуди (огромна сума на пари во тоа време), да му направи соларник од чисто злато. Челини работел цели 3 години на овој проект за да го создаде ова ремек дело, триумф на Флорентинската уметност. Двете фигури кои седат со преплетени нози се Посејдон/ богот на морето/ и божицата Тера /божица на земјата/.wpid-Photo-Sep-28-2013-923-AM

Овој монумент во златарската уметност од чисто злато со 28cm висна, создаден во Париз помеѓу 1540 и 1543 година, подоцна припаднал на надвојводата Фердинанд од Тирол, а сега е дел од империјалната колкеција во Виена.

Benvenuto Cellini Saliera or Salt Cellar, 1540-1543

Од 2003 – 2006 година цела драма се одвиваше во Виена кога тамошната полиција го бараше украдениот соларник, проценет на 35 милиони фунти, плашејќи се за неговата судбината, евентуално да не е претопен заради самото злато. Беше пронајден на 50 км од Виена во една шумичка длабоко закопан помеѓу 4 обележени дрвја.

benvenuto_cellini_sogenannte_saliera_1540-1543_teaser

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЈавна Соба – заеднички простор за архитекти и дизајнери
Следна објаваНеделна програма во Јавна соба
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ