1

Финска е студена земја, a истовремено топла и гостопримлива, во секоја смисла на зборот. Тука, пријатноста и стабилноста се ценат повеќе од сè. Место каде има од сè по малку: прекрасни пејзажи, пространи низини, чисти и фасцинантни градови, волшебната Лапонија. Секој ќе открие нешто посебно во Финска во сите годишни времиња. Љубителите на комфорот ќе уживаат во финските сауни, а за оние кои преферираат нешто малку повозбудливо, вистински избор се скијањето и останатите зимски спортови во мноштвото одморалишта. Можете да поминете часови во истражување на слатките мали улички на Хелсинки, или, пак, да се запознаете со Порво, идиличното гратче на југот од Финска. Доколку сакате да ја искусите магијата, тогаш дефинитивно треба да го посетите и Рованиеми, домот на Дедо Мраз. Финска е чудесна и сликовита земја, совршена дестинација за сите патувачи кои сè уште веруваат во бајки. Доколку еднаш ја посетите, сигурно ќе сакате да се вратите повторно и уживате одново во живописните глетки.

2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЗошто треба да најдете време за читање книги?
Следна објаваZuhair Murad со волшебна колекција на модната недела во Париз!
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ