horoskop-mart-631x330ОВЕН

Работа  – Оваа седмица на работа ќе имате мали проблеми со концентрацијата. Ќе бидете принудене да завземете пасивен став, отколку инаку. Не е сега време за нови деловни проекти.

Љубов – Постојаното променливо однесување на вашиот пртнер, кај вас буди сомнеж и љубомора. Се обидувате да го прикриете вашиот страв, но не успевате во тоа. Лесно влегувате во конфликт, но и во проверки и шпионирање на партнерот.

Здравје  – Пад на енергијата, не се препорачува поголем напор, обидетете се да се одморите, убаво ќе ви дојде.

БИК

Работа – Доаѓате во се подобра ситуација на деловен план. Можете да очекувате потпишување на некои важни договори. Периодов е поволен за пари од кредит, наследство или поголема заработувачка на брачниот партнер…

Љубов – Лесно ги менувате партнерите, излагате од една врска во друга и многу не ве грижат коментарите кои ги слушате во вашето друштво. Може да се каже дека сте во многу дива фаза и дека во овој период ви одговара ваков начин на живот..

Здравје – Можни се мали хормонски пореметувања, внимавајте на тоа. Ви се чини дека сте многу силни и дека можете да поднесете се, можеби вашето тело ќе ве изненади негативно доколку не водите сметка за своето здравје.

БЛИЗНАЦИ

Работа – Доколку имате во план нови деловни договори, најдобро би било веднаш да се зафатите со работа. Како што одминуваат деновите, ќе имате се помалку желба да се занимате со важни прашања.

Љубов – Сметате дека вашиот партнер во некои моменти се однесува неодоговорно и се обидувате да му укажете на тоа. Можно е да не се согласувате по голем број прашања, но тоа не значи дека не се сакате.

Здравје – Генерално здравјето е добро, оваа недела нервните завршетоци ви се почувствителни и психички сте оптеретени.

РАК

Работа – Се занимавате со некои многу сериозни прашања и се обидувате да напавите позитивна промена. Можеби барате подршка од колегите, но после некое време ќе дојдете до закчучок, дека сепак, најдобро функционирате сами.

Љубов – Една личност се обидува да ви се приближи, но не знае како да ги најде правите зборови. Вие не сте сигурни што да очекувате од неа, тешко ви е да воспоставите комуникација, иако хемијата постои.

Здравје – Внимавајте на кардиоваскуларниот систем и евентуални проблеми со крвниот притисок. Доколку забележите некои неправилности, посетете го вашиот доктор.

ЛАВ

Работа – Полека се враќате на колосек. Оваа недела ве следи многу позитивна и стабилна ситуација на работа. Се што сте имале во план, можете да го исполните оваа недела без мака.

Љубов – Партнерот ви забележува дека не му посветувате доволно внимание. Можно е да не знае како да го изрази незадоволството, па се труди да ви го привлече вниманието со незрели постапки.

Здравје – Здравјето ви е стабилно, бидете без гајле! Искористете ја оваа добра фаза и организирајте се добро, најдете време за некое хоби кои го сакате и кое ве релаксира.

ДЕВИЦА

Работа – Како што минуваат деновите, полека добивате позитивна подршка од колегите за реализирање на некој деловен проект. Подобро е во овој период да ги завршите почнатите а недовршени обврски, па потоа да се зафатите со новите.

Љубов – Со саканата личност, повторно се навраќате на некои стари теми кои останале неразјаснети од минатото. Можеби не е добро да одите предалеку во тој разговор. Кога некои работи не сте ги решиле на време, сега е доцна за тоа.

Здравје – Грлото ви е чувствително оваа недела, избегнувајте алкохол, студени и газирани пијалоци. Зголемете го имунитетот и подобрете ја крвната слика.

ВАГА

Работа – Кон средината на неделата, можеби ќе имате несогласувања и конфликти со колегите. Внимавајте на однесувањето и не реагирајте бурно во одредени моменти. Ќе имате предизвик да кажете многу работи, но подобро е да се воздржите.

Љубов – Ќе престанете да комуницирате со една личност која според вашиот вкус е многу нападна. Сега вашиот фокус можете слободно да го насочите на останатите додворувачи, кои со нетрпение го очекуваат вашиот повик.

Здравје – Внимавајте на храната. Стомакот ви е чувствителен. Не јадете храна за која не сте сигурни за потеклото или рокот на траење.

ШКОРПИЈА

Работа – Ќе ја повторите соработката со еден деловен партнер, со кој во минатато сте имале солидни деловни односи. Може да сметате дека тоа е добар деловен потег, кој ќе ви обезбеди профит во иднина.

Љубов – Мали недоразбирања со саканата личност. Имате чувство дека на некој начин ви бега. Бидете трпеливи и не носите брзи заклучоци.

Здравје – Доколку не го насочите вишокот на енергијата на прав начин, може да дојде до здравствено проблеми. Обидете се со конструктивна активност на која ќе и бидете посветени.

СТРЕЛЕЦ

Работа – Иако разумот ви налага, дека е крајно време да се фокусирате  на работа, едноставно, не можете да се натерате себеси, да се занимавате со некои посериозни прашања. Мотивација може да најдете во додатна работа или проект, кој ќе ви биде понуден.

Љубов – Активни сте на полето на флертот и на нови познанства. Доколку сте во врска, можно е да се појави уште една интересна личност, која ќе ви го привлече вниманието но, сеуште не сакате ништо да превземете.

Здравје – Контролирајте го внесот на шеќерот и не претерувајте со колачи. Потребен ви е здрав режим на исхрана.

ЈАРЕЦ

Работа – Можете да се потпрете на помошта од пријателите и колегите на работа. Доколку вложите поголем труд во работата, ќе постигнете поголеми резултати кон крајот на неделата. Не дозволувајте ништо да ви ја попречи концентрацијата.

Љубов – Можно е да сте во конфликт со самите себе. Знаете што сака вашето срце, но сепак сметате дека таков потег не би бил ни малку паметен. Фантазирате да запознаете личнот која не е зафатена.

Здравје – Можни се мали проблеми со притисокот оваа недела. Обидете се да не се форсирате премногу и одмарајте се повеќе.

ВОДОЛИЈА

Работа –  Можно е  да продолжи атмосферата на недоразбирање со колегите и претпоставените. Вие упорно инсистирате работите да се решаваат на ваш начин, сметајќи дека сте целосно во право.

Љубов – Доколку сте во врска, внимавајте и слушнете што има да ви каже вашиот партнер. Понекогаш ги игнорираме саканите кога сме им потребни.

Здравје – Не работете тешка физичка работа во текот на оваа недела, во спротивно ви следат проблеми со рбетот. Здравјето ви е солидно без некои поголеми проблеми.

РИБИ

Работа  – Заради наметнати ограничувања на вашиот проект, можно е да го стопирате или привремено да престанете да го работите. Кон крајот на неделата, работите ќе тргнат кон подобро.

Љубов – Конечно ќе ја покажете вашата симпатија кон личноста која сте ја запознале преку работа. Ќе добиете позитивна реакција од таа личност и полет за следниот чекор.

Здравје – Мали проблеми со жолчката и добро би било да го посетите вашиот доктор. Не го запоставувајте здравјето.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваБалетот „Скротување на фуријата“ во Cineplexx
Следна објава[Филм] Тато се врати
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ