3

Пријателот е сенка, сопствена сенка од која колку и да се обидуваш да побегнеш секогаш ќе ти биде поблиску зад петици.
Понекогаш, лутајќи низ градина собираме бели лилјани, црвени рози, жолти нарциси и сончогледи.

Лилјаните се толку чисти и безгрешни што душата ја даваат на стопанот свој. Понекогаш се прашуваш со што сме ги заслужиле. Долго размислуваш од каде дошле токму во твојата градина, како се појавиле, кој го посеал нивното семе во животот твој.

Црвените рози се мирисливи. Со својот мирис те опојуват, те водат низ животот. Ја подаваат својата рака секогаш кога ќе ти треба, но доколку водата тргне во спротивен правец кој можеби ќе биде штетен за нив, веднаш ги испуштаат своите трња. А тоа боли. Верувај ми човеку, болки кога најдобриот пријател ќе ти стави нож на плеќи кога најмалку очекуваш. Кога гледаш дека те напушта тогаш кога ти е најпотребен, тогаш кога треба да остане и да се бори со тебе, за тебе…
Колку ги сакам црвените рози исто толку ги мразам, лакомо ти ја цицаат крвта за да ја добијат црвената боја, а подоцна кога ќе се заситат од тебе се подигруваат во своите канџи.

Ако на некому се восхитувам тоа е токму на жолтите нарциси. Никогаш не ја спуштаат главата колку и да ги боли. Колку и килограми да покачиле, колку и недостатоци да поседуваат тие секој ден пред огледалото себе си се нарекуваат најубави. Нивната убавина не се крие во облеката, во насмевката, ами во очите, во душата, во тоа што од внатре блика.
Нарцисите поседуваат аура која како спротивни полови на магнет те повлекува кон себе. Со тек на времето нарцисот ќе ја обои твојата душа. Ќе има денови кога со часови ќе стоиш пред огледало, кога ќе се подготвуваш за на состанок со љубовта на својот живот, кога колениците ќе ти се тресат од возбуда, кога во стомакот ќе ти удираат крокодили, а не пеперутки, тогаш во тие мигови нарцисот од градината ќе го пробуди заспаниот нарцис во тебе човеку. Дозволи му да ти го накити животот со позитивизам.

Омилени ми се сончогледите, тие даваат плод. Не се непредвидливи како розите. Можеш да ги оставиш и во вазна, да стојат со денови и да ти ги хранат белите ѕидови со сладопоен мирис. Се вртат во зависност од користа. Денес е со мене, утре е со тебе човеку.
Сончогледот што и да поседува, што и да ти мисли, дали те сака и мрази ќе ти рече веднаш или ќе ти ги отвори очите та самиот да препознаеш.

Во мојата градина ги имам сите врсти, понекогаш плачам од нив, понекогаш се радувам што ги имам, понекогаш се проколнувам самата себе што сум дозволила да никнат во мојата градина, понекогаш …

И секој ден се со мене, еве ги држам во рака, сенка со сенка се сраснала.
Чекорам и тие со мене. Мојата сенка и нивната станала целина.

Сега сме едно.

Авторски текст на Нада Костадинова

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПрвото цвеќе во вселената
Следна објава15 комбинации на бои за зима
Креативната страна на животот под поинаков агол, каде важи правилото "less is more" е она што го опишува овој член на креативното семејство. Со оптимистичен пристап и позитивна енергија, сиот труд го насочува кон доброто и инспирацијата, кон вистинските вредности; како што е уметноста и квалитетниот креативен израз. Со поедноставување на животот, стои рамо до рамо со останатите креативци во тимот на Divian Arts.

НЕМА КОМЕНТАРИ