The Rockhouse е името на уникатниот дом направен во пештера стара повеќе од 700 години во Ворчестершајр, Британија. Имено, на сегашниот сопственик на пештерата, Анџело Мастропиетро, пред неколку години му била дијагностицирана мултиплекс склероза. Соочен со ваквите животни околности, Анџело добил инспирација да ја преуреди пештерата на која наишол за време на една негова прошетка низ шумата во руралниот дел на Ворчестершајр. Главната идеја му била оваа стара пештера, која изгледа како домот на Хобитот од „Господар на прстените”, комплетно да ја реновира и да ја оспособи за модерен живот. Со напорна работа, Анџело ја остварил својата идеја, па така пештерата сега изгледа како вистински, луксузен дом со сѐ што е потребно: струја, вода, па дури и интернет. На Анџело му биле потребни 8 месеци за да го заврши реновирањето и да го оствари својот сон. Тој вели дека болеста го поттикнала да промени некои работи во животот и да се тргне од притисокот на модерното стресно живеење. Пештерата денес е преубаво место за живеење, со 4 соби, кујна, бања и мала градина.

Location - Wyre Forest, nr Kidderminster

Location - Wyre Forest, nr Kidderminster

Location - Wyre Forest, nr Kidderminster

Location - Wyre Forest, nr Kidderminster

Location - Wyre Forest, nr Kidderminster

Location - Wyre Forest, nr Kidderminster

12

11

СПОДЕЛИ
Претходна објаваИнтересни приказни за имињата на големите светски трендови!
Следна објаваStella McCartney look-book, аксесоари 2016
Креативната страна на животот под поинаков агол, каде важи правилото "less is more" е она што го опишува овој член на креативното семејство. Со оптимистичен пристап и позитивна енергија, сиот труд го насочува кон доброто и инспирацијата, кон вистинските вредности; како што е уметноста и квалитетниот креативен израз. Со поедноставување на животот, стои рамо до рамо со останатите креативци во тимот на Divian Arts.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР