Издавачката куќа “Култура” од Скопје, ја издаде втората книга “VIP” на новинарката Лејла Сабит – собрани колумни, од последните три години, како и популарни колумни од предходните 7 години, објавувани во дневниот весник “Вест”.
Во предговорот на книгата, д-р Каролина Ристова Астеруд ја претставува авторката, токму така како што сите ние, преку нејзините колумни ја познаваме. “Во нејзините “Излог” колумни, секогаш го купувате тоа што ви се продава. Без скриени фалинки, без лажни претензии, без лажна љубезност, без лицемерни четки и без извештачени додоворувања или реклами. Но, секогаш културно и со восхитувачка елеганција на јазикот и зборот, изрази на нејзината природна аристократија. Зад секоја точка, зад секој извичник, карактеристични белези на нејзиното пишување, стои длабоко и одговорно обмислување на нејзиниот љубопитен и луциден ум кој постојано следи, забележува, анализира и синтетизира. Има неверојатен талент да соопшти големи вистини за нашата култура, нашиот менталитет, табиет и темперамент во кратки реченици и низ само стотина зборови.”
b747ad80-76f4-4fd2-8473-4e3a153ac38f-lejla sabit (1)
За новата книга авторката вели –  “Колумните пишувани во последните три години во весникот Вест се вистинити. Пишувани во најтурбулетно време за Македонија во изминатава деценија. Ми се случиле мене, вам, на сите што живееме во Скопје, на ова парче земја и секаде низ светот. Дел од нив лично ги доживеав, ги видов, ги слушнав, ми кажале, сум ги прочитала…. Во некои од нив има автобиографски елементи, а во некои не. И затоа во нив не ме барајте мене туку себе, или едноставно, запознајте ги другите. Не е лесно да се пишуваат колумни. Пробајте, па ќе видите. Ама, фала богу, додека ги пишував, не ми се одрази на фигурата и на изгледот. Три години постара од предходната книга колумни, сум попаметна, но и подмалдена. Така барем ми викаат дома, пријателите и колегите“…………………Ваша Лејла
Ние пак во DivianArts за новата книга на Лејла Сабит ќе кажеме “In medias res” или “Ab ovo”!
Додека ги читате колумните, кои се потрага по Човекот, потрага кон повеќе етика, естетика, хармонија, среќа, љубов, здравје, љубезност и обsирност, Лејла знае и да критикува, да боде, иронизира , повикува, мобилизира, романтизира и инспирира.
Книгата се продава во “Култура”.
????????????????????????????????????
СПОДЕЛИ
Претходна објаваВечерва изложба на фотографии на Александра Стеваноска
Следна објаваКој вид на мачка е вашата?
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ