Вкусен и брз напиток кој ќе ве стопли оваа зима

1

Егзотичниот спој на луто пиперче и неодоливо чоколадо ќе ги задоволи вкусовите на сите. Се подготвува едноставно и одлично e за ладните, зимски денови.

Потребни состојки:

100 g. чоколадо

5 dl. млеко

2 стапчиња ванила (или цимет, по желба)

2 лажици мед

10 g. мелено чили пиперче

малку сол

5 dl. рум

Подготовка:

Добро загрејте го млекото со семето од стапчињата ванила и оставете го да стои 10 минути. Процедете, па повторно загрејте го млекото. Додадете чоколадо и 1,25 dl. вода и растопете со мешање. Додадете мед, сол, чили и рум и растопете со мешање. По желба, украсете со шлаг. Се служи топло. На здравје!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНајдобрите креации на Golden Globes 2016!
Следна објаваВечерва изложба на фотографии на Александра Стеваноска
Креативната страна на животот под поинаков агол, каде важи правилото "less is more" е она што го опишува овој член на креативното семејство. Со оптимистичен пристап и позитивна енергија, сиот труд го насочува кон доброто и инспирацијата, кон вистинските вредности; како што е уметноста и квалитетниот креативен израз. Со поедноставување на животот, стои рамо до рамо со останатите креативци во тимот на Divian Arts.

НЕМА КОМЕНТАРИ