Неколку најдобри трикови чевлите да ви бидат удобни!

Неколку најдобри трикови чевлите да ви бидат удобни!

Постојана желба на секоја жена е да има еден пар чевли на висока пета кои не и ги убиваат стапалата, загорчувајќи и го животот. Од таа причина, максимално се потрудивме и ви носиме совети како безболно да носите чевли на високи топуци. Некои од професионалните трикови ќе направат овој тип на чевли, да бидат удобни како никогаш порано!

Можеби вашите чевли изгледаат фантастично, но доколку не можете да одите во нив, тогаш и не се толку убави. Некои трикови кои ги научивме, ќе ви ги спасат стапала!

cipele

1. Секогаш купете еден број поголеми чевли! Знаеме што сега мислите – ќе ги разгазам, ќе се рашират со време – но во поголемиот број случаеви, тоа никогаш не се случува!

2. Не купувајте чевли со супер висока штикла! Секоја жена сака штикли од 12 или 15 сантиметри, но треба да ја знаете својата мерка. Еднаш, кога ќе ја откриете идеалната висина на топуците за своето стапало, секогаш ќе ви биде удобно.

3. Менувајте почесто модели и облик на чевли! Одморете се од чевли со шпиц или на платформа. Одберете чевли со заоблен модел, друг пат чевли со отворени прсти а трет пат купете со шпиц. Треба да знаете, дека во последниов модел. малиот прст најмногу трпи и пати!

4. И најудобните чевли со текот на времето се менуваат. По некое време удобните чевли не се истите како на почетокот. Комбинацијата на улошки на табаните и подставата во чевлите, понекогаш е улимативното решение.

5. Секогаш чувајте неколку топчиња памук во чантата. Ова е нашиот најсакан трик! Ќе ви помогне ако чевлите ви се големи или ако чевлите во еден момент ви стануваат претесни и ви прават жуљ!

6. Никогаш не носете потполно нови чевли на некој важен настан. Без разлика на сите трикови, никогаш, ама никогаш, не облекувајте нови чевли на посебен настан за кој сте ги одбрале. верувајте ни, не сакате да си ја упропастите вечерта, кога ќе сватите, дека вашите прекрасни чевли имаат злочеста страна. Морате, да ги облечете барем еднаш пред било кој настан!zara-3

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФотографии од субреални светови
Следна објаваГолем дизајн базар на 9. и 10. јануари во Јавна соба
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ