Иако е апсурдно да зборуваме за атипизација на овој вид на транспорт, кој очигледно патува заедно со сите перцепции и асоцијации кон Њујорк, можеби е време малку да скршнеме од патот и да се насочиме кон Москва и Санкт Петерсбург.

Токму под московските улици постои свет, полн со специфични архитектонски обележја кој само трпеливо чека да биде откриен од страна на најбудните авантуристи кои чекорат низ лавиринтите на руската позлатена престолнина. David Burdeny верува дека е првиот фотограф на кој му било дозволено да чекори низ преубавите станици кога тие биле затворени за посетители.

Московското метро било отворено во 1935 и претставувало една голема Советска пропаганда. Архитектонските детали ја претставуваат светлината, односно свелината на империјата.

Дали пропагандата успеала, тоа не можеме да кажеме, но со сигурност може да се тврди дека ретко на кое метро може да се чекори, а да се чувствува толку убаво, занесно и гордо. Секој човек со задоволство би се возел со московското метро и ова дефинитивно ја менува сликата од оние правливи и тмурни метро станици на кои сме навикнати да ги гледаме секојдневно на филмовите.

00000

00001

00002

00003

00004

00005

00006

00007

00008

00009

СПОДЕЛИ
Претходна објаваХороскоп од 28.12.2015 – 03.01.2016 година!
Следна објаваОдберете ги вистинските очила според вашиот облик на лице
Најмладиот член на семејството кое ја создава креативната страна на животот нуди нова перцепција на авантуристичкиот дух кој цели кон откривање на креативитетот низ сите агли на Земјата. Со изострен вкус посветен на седмата уметност, со мелодична селекција и мотивациона природа се труди да ги доближи вредностите на неконвенционалниот стил на живот до помладата публика.

НЕМА КОМЕНТАРИ