StarWars_ForceAwakens_IMG1_big

Пристигнува империјата од далечната галаксија.

Силата се буди! Те повикува на нова авантура! По речиси 10 години, пристигнува новото продолжение од сагата Војна на ѕвездите: Силата се буди на големото платно. Започнува нова борба за воспоставување на мир во галаксијата. Во новата трилогија ќе имаме можност да ја видиме старата генерација здружена со новата генерација херои за да се продолжи нивната борба против угнетувачката сила.

StarWars_ForceAwakens_IMG2_big

Критиките за овој филм се неверојатно добри, како од големите режисери така и од фановите. Режисерот на „Војна на ѕвездите“, Џорџ Лукас, изјави: „Мислам дека на фановите многу ќе им се допадне новото продолжение. Тоа е филм каков што тие бараа“. Но, поддршка имаше и од врвниот режисер Спилберг: „Мислам дека новото продолжение на Војна на ѕвездите ќе биде најголемиот филм до сега! Јас лично го гледав три пати.“

StarWars_ForceAwakens_IMG3_big

Долгоочекуваното седмо продолжение, на една од најпознатите саги на сите времиња, ги носи фановите на една неверојатна авантура. Дејствието во „Војна на ѕвездите: Силата се буди“ започнува 30 години по оригиналот, кога од урнатините на Империјата се појавува Новиот Поредок и мистериозниот Кајло Рен. Хан, Леа и Лук мора да ги здружат силите со младите надежи со цел да ја сопрат оваа закана за мирот на галаксијата.

StarWars_ForceAwakens_IMG4_big

„Да се видат некои од ликовите повторно или појавување за прв пат и да се оживеат овие ликови или повторно да се вратат во живот е толку извонредно за мене. Или дизајнот. Или визуелните ефекти. Или новата музика што ја компонираше Џон Вилијамс. Или звучните ефекти кои ги воведовме…многубројни работи. Чувствувам дека можноста е многу поголема од ризикот.“ – изјави Абрамс.

StarWars_ForceAwakens_IMG5_big

Од овој блокбастер се очекуваат неколку работи: борба со ласерски мечеви, кои се едни од најпознатите работи по кои е познат овој филм; неверојатно импресивни визуелни ефекти, како од првиот дел од 1977 година така и во новото продолжение од оваа година; заплети, кои ги прават овие филмови одлични; и најважната работа по која се очекува ова да биде најуспешниот филм на сите времиња!

StarWars_ForceAwakens_IMG6_big

Премиерното прикажување на „Војна на ѕвездите: Силата се буди’’ пред македонската публика бешe на 17.12.2015, по што филмот е поставен на редовната кино програма во Cineplexx.

Divianarts.com е медиумски покровител на кино Cineplexx МК.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЛили и Снешко
Следна објаваЗимска магија во домот
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ