Во духот на новогодишната и божиќната атмосфера на 22 декември во Салон 19.19 во КИЦ (Културно информативен центар) во 18.00 и 19.30 часот ќе се одржат два несекојдневни и незаборавни концерти на класична музика наменет за деца.

Plamenka Trajkovska

Концертите се насловени „Музика и Танц” и нивната цел е доближување на класичната музика до децата. Организатор на овие концерти е Пламенка Трајковска, академски музичар и виолинист со догогодишно искуство која заедно со својот квартет и Дедо Мраз ќе се погрижат децата уште од најмала возраст да се запознаат со делата на великаните на класичната музика од барокот па се до денешен ден.

На концертот ќе бидат изведени дела од Бокерини, Моцарт, Штраус, Шуберт и Офенбах, а децата покрај тоа што ќе уживаат во прекрасните менуети, валцери и танго композиции, тие ќе бидат поканети да научат да танцуваат кан-кан.

Ова е одлична и една од ретките прилики на која децата можат да ја осетат убавината на класичната музика. Картртите за концертот можат да се купат преку продажната мрежа на „Купи карти за се”

Plakat Muzika i tanc

СПОДЕЛИ
Претходна објаваArmani beauty | Празнична колекција
Следна објаваАко патувате деновиве во Британија, погледнете ги хотелите со најдобро сместување!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ