Нема некој кој не ги сака зимските зачини. Колку е убаво кога домот ќе замириса на ванила, цимет или морско оревче – веднаш нѐ обвива некое пријатно, топло чувство. Токму поради тоа решивме да ви претставиме еден одличен десерт што најчесто се подготвува во зима. Сигурни сме дека ќе ви се допадне.

1

Потребни состојки:

150 gr. рендан морков

80 gr. брашно

1 мала лажичка прашок за пециво

1 мала лажичка сода бикарбона

1 лажичка цимет

кардамом и морско оревче

малку кора од портокал

30 gr. сецкани ореви

20 gr. брусница

20 ml. сончогледово масло

20 ml. сок од портокал

1 јајце

60 gr. кафеав шеќер

Подготовка:

Јајцето изматете го со шеќерот додека смесата не стане светла и кремаста, а потоа додадете ги зачините. Во сад просејте брашно, прашок за пециво и сода бикарбона. Во смесата со јајцето, наизменично додавајте ја мешавината од брашно и сок од портокал, па на крај маслото. Исечкајте ги оревите, а морковот изрендајте го. Во смесата додадете ја брусницата, оревите и изренданиот моркот. Смесата распоредете ја во калап по желба- можете да ја печете како колач или поединечно, како мафини. Се пече на 170 степени, околу 35 минути. По желба, можете да го прелиете куглофот со растопено бело или црно чоколадо. На здравје!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСе во едно – маса, кауч и кревет!
Следна објаваH&M: Празничен едиторијал
Креативната страна на животот под поинаков агол, каде важи правилото "less is more" е она што го опишува овој член на креативното семејство. Со оптимистичен пристап и позитивна енергија, сиот труд го насочува кон доброто и инспирацијата, кон вистинските вредности; како што е уметноста и квалитетниот креативен израз. Со поедноставување на животот, стои рамо до рамо со останатите креативци во тимот на Divian Arts.

НЕМА КОМЕНТАРИ