horoskop-januar-660x330ОВЕН

Работа – Почетокот на месец декември, ќе биде мошне поволен на деловно поле за вас. Потрудете се важните работи да ги завршите што побрзо можете. Ќе слушнете добри вести од странство или поволни вести за судски решенија доколку ги очекувате.

Љубов – Ве очекуваат хармонични односи со саканата личност, која максимално се труди да ви угоди во се. Можни се мали расправии во бракот, но вие и понатаму држите се под контрола. Кон крајот на неделата можеби ќе имате бурна кавга.

Здравје – Можни се мали проблеми во пределот на бубрезите и долниот дел на грбот, па внимајте со седењето. Во оваа фаза важно е доволно да одмарате, бидејќи енергијата ви е намалена. Не ги тестирајте границите на вашата издржливост.

БИК

Работа – Можете да очекувате некои убави вести од некои деловни кругови. Секојдневните работи течат мирно, без поголеми проблеми и натегања. Во текот на оваа недела очекувајте стабилност на работното место.

Љубов – Поволен период за зафатените бикови. Ако сте слободни, можеби имате чувство дека прилично ви е досадно. Возможно е да имате некој мал флерт, но тоа нема да има претерано значајно влијание и драстични промени на вашиот емотивниот статус.

Здравје – Посветени сте на грижата за своето здравје, генерално, добро се чувствувате. Возможно е да некои стари свои навики, сте ги промениле на добро. Мирен период во кој немате поголема причина за грижа.

БЛИЗНАЦИ

Работа – Многу добар период ако се занимавате со јавна работа или имате во план да потпишете нов деловен договор. Можете да очекувате дека се ќе оди лесно. Внимавајте, не очекувајте премногу…

Љубов – На емотивен план, многу лесно ќе дојдете до посакуваните случувања. Ако веќе постои личноста која ви се допаѓа, во текот на оваа недела лесно ќе ја освоите. Поволен период за започнување озбилна врска.

Здравје – Внимавајте на јетрата, како и на внесот на мрсната храна и алкохол. Не сте претерано чувствителни во оваа фаза, но самите на себе, би можеле да си создадете проблеми заради неодговорното однесување.

РАК

Работа – Тие кои се родени во втората декада на овој знак, можат да очекуваат прилично напнат период . Доколку работите приватно, воздржете се од темпераментни реакции. Држете се до жените со кои соработувате, кои добро ги познавате.

Љубов –  Сите активности во текот на оваа недела се упатени кон домот, и овој период е добар, доколку сте во брачна или вонбрачна заедница. Доколку сте слободни, нешто подобра ситуација можете да очекувате кон крајот на неделава.

Здравје – Можни се мали пробелми со стомакот. Внимавајте на работата на цревата, кои ви се слаба точка. Многу е важно да внимавате на исхраната.

ЛАВ

Работа – Постепено се ослободувате од надзорот на претпоставените и имате поголема слобода самостојно да ги превземате своите деловни акции. Можете да очекувате позитивни случувања како и успех во деловните преговори.
Љубов –  Ќе имате интересна средба со личност од соседството или со некој кого го сретнувате во вашето блиско опкружување. Доколку реагирате на правилен начин ве очекува почеток на нова врска.

Здравје –  Нема знаци за некои поголеми проблеми на здравствениот план. Во почетокот на неделата внимавајте на пределот на рбетот и вежбајте повеќе.

ДЕВИЦА

Работа – Сега малку порелаксирано гледате на некои работи и спремни сте да завземете пасивен став, да се откажете од контролата. Чувајте се од луѓето кои премногу ветуваат и не влегувајте во деловни односи кои изгледаат мегаломански.

Љубов – Не сте претерано заинтересирани за љубовните случувања во текот на оваа недела. Можете да очекувате прилично мирна и пасивна фаза на тој план. Доколку сте во брак, ќе се занимавате со заеднички планирања на трошоците.

Здравје – Можеби ќе се поправите или ќе се прејадувате во текот на оваа недела. Сите кочници сте ги отуштиле, па така и кочницата за контролирање на храната, која ја јадете. Сепак, дисциплинирајте се малку.

ВАГА

Работа – Родените во втората декада на овој знак, можеби ќе бидат под силен притисок на работа. Чувствувате големо незадоволство но и немоќ било што да смените. Како што ќе одминува неделава, се повеќе ќе има проблеми на работа.

Љубов – Вие сте многу харизматична и шармантна личност, лесно го привлекувате вниманието на спротивниот пол. Во текот на оваа недела ќе имате многу интересни случувања на полето на љубовта и флертот, како и разни авантури. Имате можност да бирате.

Здарје – Кон крајот на неделата можни се мали проблеми со зголмена температура и главоболка.

Внимавајте да не се форсирате повеќе одколку што можете.

ШКОРПИЈА

Работа – Моментално имате проблеми заради мал пад на енергијата со која се соочувате, оттаму и недостатокот на иницијатива за нови деловни потфати. Можете да очекувате да ви биде вратен некој стар долг од минатото.

Љубов –  Кон крајот на неделава ситуацијата се менува на подобро. До тогаш изгледа, како само да седите и чекате нешто да случи. Мечтаете за забранета љубов или за личност која е зафатена.

Здравје – Внимавајте и не претерувајте со напорните тренинзи, за да не се доведете во ситуација на исцрпеност. Ова е фаза во која требате да ја чувате енергијата.

СТРЕЛЕЦ

Работа – За вас, ова е поволен период во кој можете да завршите многу корисни работи. Ако очекувавте унапредување – конечно го добивте. Вашите претпоставени максимално ви се наклонети.

Љубов – Интересни случувања доаѓаат преку пријателите. Личноста која некаде порано сте ја виделе. ќе ве заинтересира, но вие немојте да делувате претерано воображено или егоистично, таквиот став нема да и се допадне.

Здравје – Се чувствувате сосема добро, витални сте и полни со енергија. Позитивните случувања ви го креваат моралот и располежението, спремни сте макслимално да бидете активни во наредниов период.

ЈАРЕЦ

Работа – Воглавно, вие сте посветени на долготрајно планирање и креирање на деловните стратегии. Сега многу повеќе нови информации чувате во главата отколку запишани на лист. Имате добри идеи, но го чекате вистинскиот момент, да ги претставите пред вашите претпоставени.

Љубов – На некое јавно место, ќе имате интересно познанство со многу шармантна личност. Можно е таа личност да е во знакот на вага или риба. Можете да очекувате занимливо но не и доволно конкретно случување.

Здравје –  Сега ви е најважно да ја сочувате добрата концентрација, психичка стабилност и прибраност. Ги решивте проблемите со несоницата и сега спиете како бебе.

ВОДОЛИЈА

Работа – Очекувате позитивни вести или пари од странство. Можеби ќе добиете помалку отколку што очекувавте. Поволен период за сите оние кои влегуваат во деловен проект со некој од пријателите.

Љубов – Имате многу прилики и понуди за емотивна врска, но тешко го подарувате вниманието на било кој. Ако сте слободни, дајте си време за малку игра. Зафатените водолии би можеле да планираат патување со саканата личност.

Здравје – Се чувствувате прилично добро. Имате прилика да решите некој проблем кој ве мачи од поодамна.

РИБИ

Работа – Внимавајте кога се во прашање расправиите со авториетите, Не ви е лесно сега да ги скриете своие слабости. Најдобро би било да не очекувате претерано голем успех оваа недела.

Љубов – Доколку сте влегле во некоја тајна врска, таа сега е на врвот. Максимално сте опуштени и уживате во интересните случувања. Кон крајот на недалва, полека се ладите од сето тоа.

Здравје – Внимавајте на забите, одете на забар и решете го проблемот со десните. Здравјето ви е во ред.

СПОДЕЛИ
Претходна објава[Филм] Во срцето на морето
Следна објаваПрепорака за љубителите на модата од Grace Coddington-(Vogue)
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ