In_the_Heart_of_the_Sea_SB1_big

Спектакуларна екранизација на легендарната мисија по која е напишан романот ,,Моби Дик’’.

Оскаровецот Рон Хауард ( ,,Аполо 13” и ,,Прекрасен ум“) ја режира новата акциона авантура ,,Во срцето на морето“, врз основа на бестселерот на Натанаил Филбрик во врска со драматичното патување на Есекс. Станува збор за неверојатна приказна базирана на вистински настан, која го прикажува соочувањето на екипажот на бродот со најстрашното суштество кое некогаш го виделе.

In_the_Heart_of_the_Sea_SB2_big

Во зимата 1820 година, големиот брод за лов на китови од Нова Англија, Есекс, беше нападнат од нешто никој не можеше да поверува: кит со огромна големина и речиси човечко чувство за одмазда. Оваа морска катастрофа ќе го инспирира Херман Мелвил да го напише романот „Моби Дик“. Но, тој прикажува само половина од приказната.

In_the_Heart_of_the_Sea_SB3_big

Филмот ,,Во срцето на морето” ги открива ужасните последици на преживеаните членови на екипажот од средбата со китот и нивната борба да останат живи. Пркосејќи им на бурите, гладта, паниката и очајот, мажите ќе ги доведат во прашање нивните најдлабоки верувања, од вредноста на нивните животи до моралноста на својот занает. Додека нивниот капетан бара насока на отворено море, еден член од неговиот екипаж сè уште настојува да го улови големиот кит.

In_the_Heart_of_the_Sea_SB4_big

Премиерното прикажување на „Во срцето на морето’’ пред македонската публика бешe на 03.12.2015, по што филмот е поставен на редовната кино програма во Cineplexx.

Divianarts.com е медиумски покровител на кино Cineplexx МК.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваIKEA: Зимска колекција 2015
Следна објаваНеделен хороскоп од: 07.12.2015. – 13.12.2015 година
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ