1

Дали и вие секојдневно се борите да најдете време и за работата и за креативното хоби и никако не ви успева? Одењето на работа е секако приоритетно и задолжително, но посветување време за да го правите она за кое имате страст е многу важно за исполнет живот. Со помош на овој елегантен, дрвен часовник никогаш повеќе нема да ви биде тешко да одвоите време за да стигнете сѐ. Имено, часовникот наречен Make Time Clock е програмиран да ве потсетува кога почнува, а кога завршува она што сте го испланирале во денот. Се почнува со притискање на копче, а потоа сијаличките ви помагаат да го следите напредокот и времетраењето на проектот. Секој понеделник наутро, часовникот почнува одново со програмирање на процесот. Овој часовник е поврзан со апликација, па доколку наидете на креативна блокада и сте неактивни некое време, ви праќа мотивациски пораки и цитати за да ве потсети дека креативноста ве чека.

3

2 5

НЕМА КОМЕНТАРИ