Bazar vikend banner
Базар викенд во Јавна соба, на
5 и 6 декември

По успешното завршување на Неделата на дизајн во Скопје, фокусот од дизајн и индустриско производство се префрла на занаетчиството, ракотворбите, односно целокупната креативност изразена преку вешта мануелната изработка на домашните мајстори. Јавна соба во соработка со МАТА го најавуваат првиот предновогодишен базар кој ќе се оджи на 5 и 6 декември, во центарот за дизајн во Скопје.

Оваа викенд понуда опфаќа презентација на вештините на производителите на накит, ракотворби, облека и декоративни предмети. Целиот овој занаетчиски асортиман ќе биде претставен по многу поволни услови, што значи дека големиот попуст ќе биде главна награда за сите посетители, а за сето тоа комплетно да се затвори како успешна викенд приказна, организаторите веќе работат напорно да се обезбеди доволно греано вино, кафе, чај и забава.

Collage Bazaar weekend

“Веќе подолго време изложени сме на голем притисок од страна на занаетчиите, изработувачите на накит и модните дизајнери, да организираме настан на кој нивните производи ќе добијат централно внимание. Станува збор  за многу креативни и вешти луѓе од различна старосна структура кои прават изненадувачки добри работи со своите две раце. Сé она што ниедна машина не може да го направи, тие можат! Производите се создадени со голема умешност, многу часови работа и огромна доза на креативност, па затоа и се одлично прифатени од купувачите. Поканивме 20 креативци со врвен асортиман и знаме дека публиката ќе биде позитивно изненадена.” – велат организаторите.

Влезот е слободен за сите посетители, а работно време на викенд базарот е од 10:00 наутро до 21:00ч навечер. Јавна соба е дом на сите креативци кои сакаат и умеат да пласираат вистински вредности.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНајдобрите лустери и лампи претставени на луксузните саеми за мебел!
Следна објава10+ разлики помеѓу патник и турист
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ