На 1ви декември во 21:00ч во кафе бар „Љубов“ инстаграмџијата Стефан Пејовски @topanskoboy, ќе не почасти со својата прва самостојна инстаграм изложба „Random Instaments“.

Со слики кои милион зборови значат, ќе ве убеди дека и во најобичните секојдневни погледи се крие енормна убавина! Изложбата изобилува со прекрасни пејзажи кои се резултат на неговата опсесивност за планинарење и истражување, но воедно и со едноставни фотки „чкрапнати“ на вистинско место во вистинско време.

Како дојде до идејата да се направи изложба? На тоа Стефан одговара со:

  • Често поставуваното прашање, „Кога ќе не поканиш на изложба?“, е главниот виновник за идејата. Коментарите, сугестиите и вербата на моите пријатели направија сето ова да стане реалност.

На самиот старт од месец декември, Стефан Пејовски @topanskoboy ве поканува во кафе бар „Љубов“ да споделиме позитивна енергија, насмевки и уметнички воздишки во местото кое љубов зрачи.

Повеќе информации:

Фејсбук настан „Random Instaments“ 

slika4 slika1 slika2 slika3

 

 

СПОДЕЛИ
Претходна објава“Aria”- Магија во просторот
Следна објаваФотографии на славните sвезди од златното време на стилот!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР