Свадбите секогаш биле доживување. Нешто што се прави еднаш во животот и се памети засекогаш. Вработуваме професионалци, сакаме се да биде совршено. Сето тоа совршенство мора да се рекордира, за попрецизно да ги евоцираме спомените.

Но, што се случува кога наместо професионален камерман, ја вработувате вашата хаска?

Addie и Marshall Burnette ставија GoPro камера на грбот на нивната хаска и и дадоа слобода да ја изрази својата креативност и да ги запази моментите кои се од есенцијално значење за двојката.

Интересно е тоа што ова видео е дури подобро од многу професионални. Дали хаските навистина се добри во филмот, или снежната автентичност, прекрасната куќа и среќниот пар ги идеализираа сцените? Тоа ви го оставаме токму Вам да одлучите.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПетто издание на Неделата на дизајн во Скопје
Следна објаваCandice Swanepoel гламурозно во новиот каталог на Victoria’s Secret Sport!
Најмладиот член на семејството кое ја создава креативната страна на животот нуди нова перцепција на авантуристичкиот дух кој цели кон откривање на креативитетот низ сите агли на Земјата. Со изострен вкус посветен на седмата уметност, со мелодична селекција и мотивациона природа се труди да ги доближи вредностите на неконвенционалниот стил на живот до помладата публика.

НЕМА КОМЕНТАРИ