10

Chanel ја претстави новата празнична колекција на декоративна козметика Rouge Noir Absolument– име кое се поврзува со класичните нијанси на лакови за нокти кои всушност послужиле како инспирација за оваа колекција. За претстојната празнична сезона, легендарниот бренд Chanel претстави колекција во која преовладуваат топли нијанси на бои- мешавина од розови, виолетови, светложолти и златни тонови кои изгледаат мошне привлечно и софистицирано. Линијата ги содржи сите производи потребни за целосна шмина: кармини, сенки, маскари, руменила, лакови на нокти и сл. Најдобриот производ од колекцијата е сенката Les 4 Ombres. Со класичниот монограм Chanel, сенката е во нежни црно-црвени нијанси со златни детали, како и виолетови и сатенски беж тонови кои на очите им даваат интензивен изглед. Совршена колекција за модерни и софистицирани жени.

7

8

4

6

9

5

СПОДЕЛИ
Претходна објаваPray очилата сега и во Македонија | See through nature
Следна објаваПетто издание на Неделата на дизајн во Скопје
Креативната страна на животот под поинаков агол, каде важи правилото "less is more" е она што го опишува овој член на креативното семејство. Со оптимистичен пристап и позитивна енергија, сиот труд го насочува кон доброто и инспирацијата, кон вистинските вредности; како што е уметноста и квалитетниот креативен израз. Со поедноставување на животот, стои рамо до рамо со останатите креативци во тимот на Divian Arts.

НЕМА КОМЕНТАРИ