Фотографиите на дизајните на Ирина Тошева кои се надополнети со илустрации на признатиот ликовен уметник Ване Костуранов се на модниот фотограф Миладин Паповиќ, креативен директор е Кристина Манчева, шминката е на ВиктDigg Diggор Мирчевски со  асистентот на шминка Јована Коциќ. За фризурата беа задолжени Studio Allure. Модели се актерката Наташа Петровиќ, Фаниа Гиачо од модната агенција „Подиум“ и актерот Ивица Димитријевиќ. Едиторијалот е надополнет со накит и часовници од “My Time”, чорапи специјално изработени од  „La Dama“ и чевли на “Chantel”. Колекцијата е поддржана од Министерството за култура на РМ.

„Дома“ е креативна рефлексија на потребата од нешто само свое. Едиторијалот претставува отсликување на повеќе приказни и моменти од ноќниот живот. „ Фотографската приказна е инспирирана од скопскиот ноќен живот со сите негови култни локации. Секој од нас во одреден период од животот тие простори ги перцепирал како свој дом. Таму секој од нас прославувал, припаѓал, се забавувал, се почувствувал и отсутен. Фотографиите на Паповиќ ги крадат овие моменти и ги пласираат на публиката за толкување. “ – изјави Тошева.

10Колекцијата е составена од 14 изгледи, изработени од природни материјали. Особено се примамливи рачно изработените плетенини и дезените кои се изработени со вез. Дел од парчињата се и уникати.

Едиторијалот е сниман на следните локации: Кафе Бар Љубов, Излет, Сектор 909, Балет , Speakeasy и Казино Сенатор.  Благодарност до Град Скопје, SOTTO , Телеком Тренд и Порше Македонија.

Колекцијата е достапна за продажба во ателјето на Ирина Тошева. На интернет страница irinatosheva.com  функционира виртуелен бутик преку кој моделите на Тошева набрзо ќе се достапни со само неколку клика. До омиленото парче од колекцијата „Дома “ ќе може и наскоро да дојдете и преку bastetnoir.com и asos.com. Одбрани парчиња од колекцијата ќе бидат изложени и на [SKP] PopUp Store од 29ти ноември до 12ти декември во Берн, Швајцарија.

Тел: 077 515 352

e-mail: irinatosheva@gmail.com

fb: https://www.facebook.com/tosheva.fashion

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНеделен хороскоп од 23.11. – 29.11.2015 година
Следна објаваMarc Jacobs колекција на торби за есен-зима 2015/16
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ