Levi’s® брендот се здружи со Алиша Кис за лансирањето на новата женска џинс колекција

15_H2_01_WOMENS_FIT_RANGE_GROUP_2_246_CMYK (Large)

Новата кампања на Levi’s® брендот се гради околу темата „Живеј во Levi’s®“, заедно со глабалниот артист, мулти-Греми победнички пејач и текстописец, продуцент и активист –  Алиша Кис која го позајми својот препознатлив глас и стил на Levi’s® брендот за дебитирање на целосната нова, транформирана, женска џинс колекција. Levi’s® брендот нема само да го прикаже уникатниот персонален стил и индивидуалност на Алиша, но исто така ќе го претстави нејзиниот моќен глас преку ексклузивната песна која служи како тонски запис на кампањата насловена како „28.000 денови“.

36700_B003_C008_0527SI_R2 (Large)

„Кога сте веродостојни на самите себеси, многу сте горди и моќни. Дојдов до сознание дека сум „џинс девојка“. Се чувствувам најсамоуверено, најудобно, секси и силно во моите фармерки“ – вели Алиша Кис. Levi’s® е за секоја жена… има по нешто за секого… како и во музиката, Levi’s® ги зближува луѓето од сите животни патишта и култури поблиску.“36700_LOOK 01_003_R1-2 (Large)

Повеќе од 80 години, жените носат Levi’s® за да се чувствуваат самоуверено и силно, за да го изразат својот бренд на оригиналност и персонален стил. И за 80 години, брендот се опседна да го направи совршениот женски пар џинс. Брендот ја измисли оригиналната фармерка во 1873 година – исконските 501, потоа ги креираше првите тексас фаррмерки за жени во 1934 година, револуцинионирајќи ја женската мода засекогаш. Осум декади Levi’s® поднаучи две-три работи за женското тело: како да ја опфати неговата форма, стилот кој сакаат да го носат жените и деталите што ги трансформираат добрите џинс во совршени. 15_H2_01_WOMENS_FIT_RANGE_GROUP_2_123_CMYK (Large)

За есен 2015, Levi’s® го собра сето знаење, го искомбинира со иновацијата и релевантноста на денешницата и направи макотрпно истражување со фановите насекаде во светотот за да креира трансформативна женска џинс колекција зацврстена во клучните фитинзи, стилови и детали кои жените ги сакаат. Употребата на најновите иновации во текстилот и технологиите на виткост, најнапредните растегливи и обновливи материјали, детали со автентичен потпис на Levi’s® и светски завршни потези, Levi’s®  ги креираше совршените џинс прикладни за секоја форма на тело.15_H2_01_WOMENS_FIT_RANGE_GROUP_2_222_CMYK (Large)Не треба многу претставување на Алиша Кис. Таа е безвременски талент со автентичен глас и стил, кои ја прават идеален дел од Levi’s® брендот. Има добиено безброј награди од нејзиното дебитирање во 2001-та година, но нејзината емотивност и веродостојност ја направија глобална икона, почитуван филантропист и претставник на каузите во кои верува.
Таа сака да ги инспирира и да се поврзе со нејзините фанови преку својот моќен и искрен глас.

„Луѓето „живеат“ во своите Levi’s® откога го измисливме џинсот.Тие ги искусуваат сите авантури кои светот може да ги понуди, притоа искажувајќи го сопствениот бренд на автентичност и уникатен личен стил. Алиша Кис го отелотворува духот на брендот и го доведува во живот на инспиративен и резонантен начин за сите жени насекаде во светот“ изјави Џен Шеј, маркетинг директор на Levi’s® брендот. „Горди сме на нашата нова женска џинс колекција во соработка со Алиша. Таа навистина го репрезентира она што Levi’s® брендот го претставува.“36700_LOOK 02_002_R2 (Large)Најновата „Живеј во Levi’s®“ кампања продолжува да оддава почит на историјата од 140 години на постоење на брендот, кој е постојан продружник на оние кои ги носат фармерките и ги сакаат. Тие – од рок ѕвезди до претседатели, фармери до модни икони, претприемачи до секој човек. Кампањата ги спојува дигиталните и социјалните платформи, телевизијата, кинематографијата и печатените форми на глобално ниво, целејќи да ги вклучат и активирааат потрошувачите преку реални и виртуелни настани, како и преку мобилни и in-store искуства. Сите креативи го доловуваат духот на исконскиот Levi’s® бренд кој секогаш е олицетворение на настаните кои се случуваат во своето време.15_H2_01_WOMENS_FIT_RANGE_GROUP_2_189_CMYK (Large)15_H2_01_WOMENS_FIT_RANGE_GROUP_243_CMYK (Large)

Па, како живеете во Levi’s®?

#LiveInLevis #LadiesinLevis

Levi’s® брендот може да го најдете во продавницата на Fashion & Friends во Скопје Сити Мол

15_H2_01_WOMENS_FIT_RANGE_GROUP_2_128_CMYK (Large)

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФото на денот | Лебедово езеро
Следна објаваУште само неколку дена – отворен повик за учество на базар викенд!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ