Улиците и јавните простори во градовите се секогаш одлична платформа за реализација на уметничките и дизајнерските идеи. Жителите на Ерусалим имаат можност да се восхитуваат на една од најкреативните идеи за улично осветлување. Имено, на  плоштадот Валеро се поставени необични светилки во форма на цвет, коишто се отвораат и ,,расцветуваат’’ секогаш кога некој од случајните минувачи ќе застане под нив. Светилките се високи околу девет метри, а поставени се на четири клучни места на плоштадот. Цветовите се отвораат и кога ќе застане трамвајот на блиската станица, за да можат патниците да се заштитат од дожд или од силното сонце. Кога нема никој во близина на светилките, пак, тие се собираат и го намалуваат интензитетот на светлина. Авторите на овој необичен проект велат дека ги создале ,,магичните цвеќиња’’ не само за да го декорираат градот, туку и да ги потсетат луѓето дека секогаш има место за чуда и имагинација во светот. Фантастичен проект, зар не?

c1

c3

c4

c5

c6

c7

НЕМА КОМЕНТАРИ