Јавна соба е простор кој официјално се отвори на 28.октомври  и за многу кратко време стана втор дом на многу урбани души во градот.  Понудените услуги, работилници и забавна програма инстантно ги плени срцата на младите креативци и деловни луѓе. Во подготовки за Неделата на дизајн во Скопје, фестивал кој ќе се одржи оваа година токму во Јавна соба свративме да видиме што сé се нуди во овој дом на креативност и забава во Скопје.

(Мезе бар, забава за млади, експриментална кујна, концептуална продавница, попусти и промоции)

Просторот е многу повеќе одошто наликува на прв поглед. Во приземјето поставен е мезе бар,  еден многу нов и иновативен угостителски концепт наменет за младите деловни луѓе. Храната е по мошне популарни цени и е мошне вкусна . Не треба да сте врвен гастроном за да уживате во овој дел. Мезе понудата е прилагодена на сите вкусови и генерации.

Секој Петок од 17:00 до 22:00 програмата вклучува мезе на прионципот купи 1, доби 2.

meze

Конференциската сала е приказна сама за себе. Уредена е со многу внимание и е целосно различна од сите вакви простори кои сме навикнати да ги користиме во градот. Мебелот, кој ја дава душата на овој простор е мајсторија на македонскиот бренд  We and Nature. Не случајно и парчињата беа првонаградени на саемот за Мебел 2015. За многумина ова е еден од најбрзорастечки млади брендови за мебел во Македонија.  Корисниците на конференциската сала знаат што значи од аспект на кретивност и продуктивност да се престојува во еден ваков простор.

Најголемото изненадување е концептуалната продавница на првиот кат во која се застапени исклучиво македонски брендови, кои и по цена и по квалитет и пркосат на Икеа. Конечно младите македоснки дизајнери кои имаат свое производство добија простор во кој можат да продаваат слободно.  Интересот за сите производи е огромен.

Untitled

Во детската соба секој викенд се одржуваат креативни работилници за деца од 6 до 10 години. Минатиот викенд се изработуваа магнети за на фрижидер, а следниот викенд под менторство на Оливија Георгивска ќе се одржи работилница за изработка на навлаки за перници. Децата на возраст од 6 до 12 години по двочасовно работење ќе излезат од ”Јавна соба” со своја креација на перниче кое ќе можат да го адаптираат во домашниот ентериер.

Untitled

Детската образовна програма во рамки на ”Јавна соба” ќе се надополни со часови пиано од маестро Петар Макариевски и курсеви по фотографија за деца од страна на Сашо Алушевски и Татјана Ранташа.

 

50 Дивизија 22, Скопје

www.publicroom.org

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМладешки стан [41 м2]
Следна објаваSashа Pivovarovа и H&M Beauty – во кампањата есен/зима 2015 makeup трендови!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ