Дваесет и четвртата по ред филмска авантура на најпознатиот таен агент.

Spectre_SBgr1

Криптирана порака од минатото го испраќа Бонд на пат за да ја открие злобната организација. И покрај наредбата на М, Бонд патува во Рим, каде што ја сретнува прекрасната Луција, вдовица на озлогласен криминалец. Откако ќе влезе на таен состанок 007 открива за постоењето на застрашувачки опасната организација Спектра. Потребна му е помош од ќерката на еден стар непријател и тргнува да ја бара. Додека Бонд ризикува да дојде до срцето на Спектра, открива застрашувачка врска помеѓу него и непријателот што го бара. Додека М води битки со политичките сили за да ја зачува тајната служба жива, Бонд ги лупи слоевите на измама за да се открие вистината зад Спектра.

Spectre_SBgr2

007 повторно се враќа! Пристигнува новиот Бонд во шпионската авантура под име ,,Спектра’’. Три години по убедливо најкомерцијалното продолжение на франшизата – филмот „Скајфол“, љубителите на најпознатиот таен агент конечно ќе имаат прилика да го погледнат продолжението на Бондовата одисеја која ќе го донесе очи во очи со неговиот најголем непријател до сега, тајната агенција С.П.Е.К.Т.Р.А. Во новиот филм, најпознатиот светски агент е потполно променет, овој пат многу проактивен и во контрола над својот живот. Тој има нова фокусирана мисија и никој не може да му застане на патот.

Spectre_SBgr3

Акциониот спектакл „Спектра“ е последен во низата на филмови за снаодливиот Џејмс Бонд, чиј лик го толкува британскиот актер Даниел Крег. Во дваесет и четвртиот филм за тајниот агент 007 покрај Даниел Крег, кој четврти пат се појавува во улогата на Џејмс Бонд, во улога на негативецот и вечниот непријател на Бонд се појавува Кристоф Валц. Улогите на познатите Бонд девојки во овој филм им припаднаа на Моника Белучи, Лиа Сејду и Стефани Сигман.

Spectre_SBgr4

Филмскиот серијал за Бонд не треба многу да се претставува. Се работи за убедливо најдолгодишната франшиза во историјата на филмот која трае повеќе од педесет години. Покрај фактот што во филмот се појавуваат едни од најголемите актерски имиња, франшизата е позната и по насловните песните на секој филм. За официјалната песна на ова продолжение се погрижи британскиот пејач Сем Смит, кој ја сними песната ,,Writing on the wall”.

Spectre_SBgr5

Сем Мендез кој повторно е зад режисерската палка, изјавува: ,,Сакав да ги истражам сите различни аспекти на карактерите кои ги оставив во Скајфол. МИ6 станува веќе преголема – имаме нов М, нова Манипени и нов Кју. Сакав овие врски да се развиваат и да растат.’’ За актерот Даниел Крег, пак, новото продолжение има уште поедноставна порака. ,,Сакавме да е подобар од Скајфол”, вели тој. ,,Тоа е толку едноставно. Немавме друг избор, мораше да биде поголем и подобар. Со Скајфол, веќе поставивме солидна основа и сега сакавме да го продлабочиме и да експериментираме малку повеќе.’’

Spectre_SBgr6
Премиерното прикажување на „Спектра’’ пред македонската публика e на 05.11.2015, по што филмот ќе биде поставен на редовната кино програма во Cineplexx.

Divianarts.com е медиумски покровител на кино Cineplexx МК.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЕсенска фотосесија од бајка
Следна објаваLG Electronics е бренд на годината на натпреварот Red Dot
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ