naslovna

Чај- ароматичен пијалок кој се подготвува кога ливчиња од некоја билка ќе се полијат со зовриена вода. Вака гласи дефиницијата за вториот најпопуларен пијалок во светот, по водата. Пиењето чај за многумина се поврзуваше само со деновите на грип или настинка. Но, во последниве години, чајот стана скоро исто толку популарен колку кафето. Овој древен пијалок речиси и не содржи калории и има безброј придобивки за здравјето: го подмладува организмот, содржи антиоксиданти, го регулира крвниот притисок и делува благопријатно на целиот организам.

Културата на пиење чај е различна во секоја земја. Во продолжение ве запознаваме со некои од најинтересните традиции поврзани со подготовка и конзумирање на чај во светот.

Јапонија

1

Во Јапонија, најпопуларен чај е зелениот чај кој без исклучок се служи во рестораните за традиционална јапонска кујна. Се сервира во посебно изработен чајник и соодветни шолји.

Британија

2

Британците се нација со долга традиција на конзумирање чај уште од 19 век. Традиционално, тие пијат црн чај со млеко и шеќер по желба, и тоа најчесто попладне. Обично го служат со суви колачи во убави порцелански садови.

Турција

3

И турците се познати по тоа што пиењето црн чај со силен вкус претставува своевиден ритуал кој се практикува во кое било време во текот на денот. Го служат топол, во мали стаклени чашки.

Мароко

4

Мароко се наоѓа на второ место на листата на земји во кои најмногу се пие чај. Мароканците преферираат зелен чај со нане кој го служат во шарени чаши, со свежи ливчиња нане, кафеав шеќер и колачиња како десерт. Целата оваа церемонија изгледа многу уметнички.

Во продолжение следуваат уште неколку фотографии кои ќе ви дадат малку инспирација за веднаш да си сварите убава шолја чај.

6

11

8

12

10

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНеделен репертоар на Драмски театар Скопје
Следна објаваKaty Perry во спектакуларна новогодишната кампања на H&M!
Креативната страна на животот под поинаков агол, каде важи правилото "less is more" е она што го опишува овој член на креативното семејство. Со оптимистичен пристап и позитивна енергија, сиот труд го насочува кон доброто и инспирацијата, кон вистинските вредности; како што е уметноста и квалитетниот креативен израз. Со поедноставување на животот, стои рамо до рамо со останатите креативци во тимот на Divian Arts.

НЕМА КОМЕНТАРИ