0

Како да го организирате својот животен простор во стан помал од 50 метри квадратни? Многу удобно и пријатно, доколку употребите малку имагинација и добар дизајн. Ви претставуваме дом со површина од 46 метри квадратни, каде дневната и спалната соба сочинуваат една целина, со флексибилен мебел и мудри решенија за заштеда на простор. Иако станот е конципиран како еднособен, воопшто не не е загубено од комфорот во дневниот престој, туку сосема спротивното – доволно е простран и функционален. Во што е тајната? Модерниот кревет, кој може да се користи за спиење исклучиво навечер, а потоа да се вовлече и вешто затскрие зад плакарот од светло дрво, ослободувајќи на тој начин дополнителен простор во текот на денот. Ваквата опција овозможува рационално да се искористи секој центиметар од расположливата квадратура, без ѕидови или прегради кои би го задушиле просторот. Во ентериерот доминираат смирени, неутрални бои, со дезениран килим и современи парчиња мебел. Проектот е дело на архитектот Константин Кононенко, а како изгледа можете да погледнете низ фотографиите во продолжение.

1

2

3

4

5

6

7

8

9

НЕМА КОМЕНТАРИ