Ревиите на руската модна куќа „N by Z“, Кристина Цветковска и Олгица Ѓоргиева означија крај на дванаесеттото издание на Моден викенд Скопје , синоќа во Музејот на Македонија.

Последната вечер на скопскиот Моден викенд започна со ревијата на познатата модна куќа од Москва „NbyZ“и колекцијата „Something else“ составена од фустани, здолништа, блузи и палта за есен/зима 2015/2016.

Колекцијата е наменета за жени кои заминуваат во шопинг оптоварени од план и идеја што треба да купуваат. Нашата модна куќа ги спои парчињата и за нив направи избор во кој може да се пронајде секоја жена со стил“, вели дизајнерката Наталиа Злодјарева од „N by Z“.

DB2C3866 DB2C4045 DB2C4066

Второто модно шоу беше на дебитантката Кристина Цветковска која стои зад брендот „ Modelina“ и колекцијата „Night in red silk “ за актуелната сезона есен/зима.

„ Станува збор за колекцијакоја е инспирирана од љубовта, играта и природата, изработена од природнасвилавокомбинацијасосатен штоф и монистра. Црвеното во комбинација со љубовта зачинето со природната свила и играта на монистрата ја прават колекцијата целосна која е погодна за носење во сите пригоди“, вели Цветковска.

DB2C4087 DB2C4387DB2C4405

Со најновата колекција наречена „Just Go“на Олгица Ѓоргиева официјално се затвори дванаесеттиот Моден викенд Скопје.

Колекцијата е потсетување на она што веќе го имам работено во минатото со  видноизменети кроеви, проширени техники на доработка но со мојот карактеристичен дизајнерски печат . Колекцијата е составена од секојдневни парчиња, венчаница и свечени тоалети изработени од кадифе, жоржет, волница, плетенина.  Моите најнови креации се наменети за  личности со дефиниран и специфичен вкус кои точно знаат што сакаат “, вели за колекцијата Олгица Ѓоргиева.
DB2C4502 DB2C4632 DB2C4732

DB2C4741 DB2C4777

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСкулптури од сликарско платно
Следна објаваЗа сите љубители на домашните миленици
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ