Неделен хороскоп од 26.10 – 01.11.2015 година

 

ОВЕН

Работа – На себе ја превземате одговорноста и одите во акција. Работите следејќи ја вашата природа, енергично и одлучно. Окупирани сте со политички проблеми. Совет – трпение и толеранција

Љубов – Ќе бидете во ситуација нешто да прославувате. Страсната врска доживува кулминација. Од партенерот ви зависи исполнување на некои ваши деловни размислувања.

Здравје – Избегнувајте промаја и внимавајте на синусите.

БИК

Работа – Треба да бидете добро организирани, доколку сакате да испливате од проблемите и да влијаете деловната ситуација да биде подобра. Направете селекција кои се приоритетните задачи.

Љубов – Ја зацврстувате врската, малку поголема толеранција кон партнерот не е на одмет. Сознанието дека сте се скани, на секого му годи.

Здравје – Пред себе сте поставиле многу задачи на кои е тешко да одговорите. Затоа поголем одмор и лесна физичка активност.

БЛИЗНАЦИ

Работа – Нов деловен проект е на видик. Сте кренале раце од се, посебно ако се занимавате со приватен бизнис. Помошта доаѓа а вие ќе бидете изненадени. Нова работа и важни одлуки, избегнувајте површност и видете ги добро сите детали.

Љубов – Кавгата со партнерот е нормална работа, бидејќи врската одамна ви е во монотонија. Се тешите бидејќи овој пат вие не сте виновни. Партнерот ви бега од контрола. Вашата внатрешна хармонија е нешто што ви дава посебен шарм

Здравје – Се опоравувате од премногу стресови, непотребно сте минале низ нервози.

РАК

Работа – Тоа што најдобро ви оди овие денови е мудроста. Повлекувате исправни потези кога работата е во прашање. Со минимум напор постигнувате корист.

Љубов – Нова врска неочекувано влегува во вашиот живот. Во фаза сте на големо заљубување. Многу емоции и нежност.

Здравје – Внимавајте на прејадување и дебелина.

ЛАВ

Рабоата – Сте запловиле во мирни води. Работата си врви по поставениот шаблон, па не се оптеретувате. Кога веќе е така, не вреди залудно да се нервирате.

Љубов – Љубовта е вашата движечка сила, прави да се чувствувате добро. Ја воспоставувате внатрешната рамнотежа. Тоа е она вистинското!

Здравје – Се наоѓате во фаза на опоравување. Својот живот анализирајте го подобро. Размислете добро за наредните потези, така ќе бидете посреќни и поздрави.

ДЕВИЦА

Работа – Работата оди надолу, што ве грижи додатно. Некои грешки ги направивте несвесно и сега патите. Морате да кренете одлучно во акција, одговорни сте за својата но и за судбината на другите. Затоа постапете внимателно.

Љубов – Настапува период во кој немате што да му префлате на партнерот, што не значи дека дека сте задоволни со емотивнта ситуација. Припремете се за отворен разговор.

Здравје – Посета на гинеколог или уринарен доктор.

ВАГА

Работа – Тешко функционирате во тоталниот деловен хаос со кој сте окружени. Желба за работа имате, но околностите тоа не го дозволуваат. Во работата премногу внесувате емоции. Од оваа деловна криза ќе излезете само со напорна работа.

Љубов – Оваа недела светла точка на вашиот живот е љубовта. Ве очекуваат многу убави и незаборавни моменти со саканата личност.

Здравје – Проблеми заради преголеми амбиции и емотивност. Се чувствувате слабо заради временските осцилации.

ШКОРПИЈА

Работа – Многу сте задоволни со завршената работа, посебно од материјалната, која ја добивате од претпоставените. Ве очекува некое славење. Влегувате во подобар период од животот.

Љубов – Нов почеток или воспоставување на повисоко ниво на врската. Разбирате дека односот со партнерот бара промена. Не ви е лесно, но тоа ќе го направите.

Здравје – Повеќе време на воздух, претеравте со цигари и пијалоци.

СТРЕЛЕЦ

Работа – Оваа недела ве очекува многу работа, бидејќи енергијата ви е покачена, се успешно ќе завршите. Функционирате мудро и великодушно. Повлекувате мудри потези.

Љубов – Уживате во прегратките на саканата личност. Многу убави моменти, ќе го направат времето пред вас, незаборавно. Партнрот повеќе го привлекувате ако помалку зборувате.

Здравје – Реуматски проблеми

ЈАРЕЦ

Работа – Фантастичен период, посебно ако се занимавате со комуникации или работите со документација. Ќе изработите повеќе од замисленото. Исклучително добра недела.

Љубов – Кон партнерот чувствувате физичка привлечност. Затоа и ви следи богат сексуален живот, под услов да се изборите со срамежливоста.

Здравје – Полни сте со енергија и во свој елемент сте.

ВОДОЛИЈА
Работа – Можен е јавен настап и успех, особено ако се занимавате со јавна работа. Оставрувате завидни резултати. На некој собир во пријатна атмосфера, нешто ќе славите.

Љубов – Мудро ќе седите на повеќе столици истовремено, а тоа никој да не го забележи. Ако мислите дека другуте ги варате, сами себе се лажете.

Здравје – Тегоби со стомакот поради неконтролирано јадење. Морате да бидете умерени. Внимавајте на депресијата.

РИБИ

Работа – Што и да направите, имате чувство дека грешите. Морате заради нешто да се жтрвувате, а тоа никако не го сакате. Малку сте себични, барем кога работата е во прашање. Нереални сте.

Љубов – Уживате во топлата семејна атмосвера. Настојувате помалку да излагувате, а повеќе време да поминете дома со саканата личнот и гостите.

Здравје – Ако сте биле болни, ги санирате проблемите и влегувате во подобар период. Можеби некои од проблемите сами ги создавате или се плод на вообразеност? Се е од главата.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЧетврти ден Моден викенд Скопје: Тошева, Ивановски, Занов и „Kigili“
Следна објаваСтудентски дом кој е сон на секој студент!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ