Најновите колекции на Ирина Тошева, Роберт Ивановски, Митко Занов и турската модна куќа „Kigili“ беа прикажани на претпоследниот ден Моден викенд Скопје, синоќа во Музејот на Македонија каде е во тек дванаесеттото по ред модно случување .

Модерен и авантуристички, наменет за самоуверени мажи со динамичен животен стил, брендот „Kigili“ за прв пат се претстави пред македонската публика со уникатна, тренди колекција за сезоната есен – зима 2015/2016. Колекцијата е сублимат од четири различни теми: „Душата на авантуристичкиот патник“, „Урбан номад“ , „Динамичен град“ и „Луксузна машка облека“.

DB2C1450 DB2C1549 DB2C1954 DB2C1972

Митко Занов дебитираше на Моден викенд Скопје со својата прва авторска колекција наречена  „Голата мугра“ .  Занов за парчињата наменети за актуелната сезона вели „Храбра, авангардна и грациозна се клучните зборови кои ја опишуваат жената, која ме инспирираше да создадам колекција која ќе понуди уникатни, иновативни и квалитетни дизајнерски парчиња облека и модни додатоци, што им дозволуваат на девојки со нескротлива имагинација да го експресираат личниот стил во секојдневниот изглед“.

DB2C2270 DB2C2291 DB2C2446 DB2C2470

Ирина Тошева која своите креации редовно ги презентира на Моден викенд Скопје, поддржана од My:Time и Министерството за култура на РМ,  ја донесе колекцијата  на која беа пресликани куќи и пораки испишани на кирилица.  Модната презентација беше испратена со музиката на „Нокаут“ кои пред публиката песните ги свиреа во живо.

Бои вибрираат по пулсот на еден град, барајќи го својот дом.  Улиците по кои секојдневно чекореа го сменија својот ритам и ги натераа во стрмоглава потрага. Бараа дом кој одново ќе го варосаат во нова младост. И не само тој, туку и други. Градеа разнобојни домови за да создадат колективно гнездо на топлина.  Погледни! Цела низа куќи само за нас. А од нивните оџаци мириса на љубов бескрајна и свежо пространа облека на утринско сонце“, вели Тошева.

DB2C2530

DB2C2576 DB2C2732 DB2C2945

За крајот на вечерта Роберт Ивановски поддржан од винаријата „Камник“,  се врати на Моден викенд Скопје со  колекцијата „Feelings“ наменета за пролет/лето 2016 година .

Колекцијата  е инспирирана од природата и нејзината обоеност, поп културата и моите чувства низ годината. Доминантни бои се белата и зелената, збогатена со абстрактни принтови изработени од  младите сликари Бојан Ковски и Елена Чемерска.“  , вели дизајнерот Ивановски.

DB2C3314 DB2C3279 DB2C3234 DB2C3109

За фризурите на манекенките и овој пат се погрижи Едукативниот центар „Кариера плус“ во соработка со „Lakme а за шминка тимот поддржан од  „Gosh“.

Вечерва во Музејот на Македонија завршува дванаесеттиот Моден викенд Скопје со ревиите на руската модна куќа „ N by Z“, Кристина Цветковска и Олгица Ѓоргиева поддржана од „D’eyeko

СПОДЕЛИ
Претходна објаваТрет ден моден викенд со Јована Филиповиќ, Елена Спасовска и Венера Мустафа
Следна објаваНеделен хороскоп од 26.10 – 01.11.2015 година
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР