Со ревиите на Јована Филиповиќ , Елена Спасовска и Венера Мустафа од Косово, се одржа вториот ревијален ден на есенскиот Моден викенд Скопје , под мотото „Мода и културно наследство“, вчеравечер во Музејот на Македонија.db2c0806

Јована Филиповиќ ја прикажа колекцијата за актуелната есен/зима 2015/2016 за која вели дека „претставува одраз на на некое идно совршено време.Иднина во која уметноста, дизајанот и архтектурата се движечка сила. Влијанието на нео – футуристичкиот минимализам на градбите на Заха Хадид и Калатрава се внимателно пресликани во секој елемент од колекцијата.  Градби кои се одраз на времето кое допрва треба да дојде“.

db2c1031На второто модно шоу се претстави дизајнерката Елена Спасовска која инспирацијата за колекцијата ја наоѓа во жената од работничката класа, нејзиниот молк наспроти нејзиниот херојски став. „Колекцијата истражува како оваа жена минува  низ сопствената интимна револуција. Таа е инспирацијата за колективна сила. Централна тема е текстилот и текстилната индустрија.  Во колекцијата се користени природни материјали волна, памук и свила, а за прв пат во мојот дизајн ќе презентирам и кроеви од плетени материјали“, вели Спасовска за својата најнова колекција.

Косовската дизајнерка Венера Мустафа, која во Македонија за прв пат имаше ревија во рамките на Моден викенд Скопје 12, ја донесе колекцијата „Сондер-секој има приказна“. Мустафа колекцијата ја опишува како„ Производ на инспирација базирана на цветови од мочуриштето, фламнига и капки солзи кои комуницираат меѓусебно во форма на ткаенини, бои и текстура“.

DB2C1049

За фризурите на манекенките и овој пат се погрижи Едукативниот центар „Кариера плус“ во соработка со „Lakme а за шминка тимот поддржан од  „Gosh“.

Вечерва во Музејот на Македонија  следуваат ревиите на „Kigili“, Митко Занов, Ирина Тошева поддржана од My:Time и Роберт Ивановски поддржан од винаријата Камник

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНа крајот од „Тунел“…
Следна објаваЧетврти ден Моден викенд Скопје: Тошева, Ивановски, Занов и „Kigili“
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ