Се уште е рано за Оскарите, а ние ве информираме кои филмови би можеле да бидат номинирани за престижниот Оскар. Оваа есен, повеќе од 20 филмови го привлекоа вниманието, заради беспрекорните сценарија, сјаен настап на актерите и извонредните режии. Ние одбравме 12 филмови кои морате да ги погледнете пред доделувањето на наградите и самите да оцените дали сме во право со изборот.

Леонардо ди Каприо, најверојатно повторно ке биде номиниран за главна машка улога во филмот The Revenant,  така да се надеваме дека најпосле и ќе го добие Оскарот.  Конкурент му е  Eddie Redmayne, со својата извонредна улога во филмот со вистинска приказна  The Danish Girl  во кој го глуми првиот транссексуалец кој направил операција и го сменил полот. Многу филмови се снимени по виситински приказни како Beast of No Nations, Bridges of Spies, Spotlight  и The Stanford Prison Experiment.

Се разбира , списокот вклучува и љубовни драми од животот, како и комедии во кои глумат брачниот пар  Jolie-Pitt By the Sea, филмот  Joy со неразделната филмска двојка Jennifer Lawrence и Bradley Cooper; The Lobster, необичната и полна со дух приказна каква никогаш до сега ја немате видено, права животна комедија на италијанскиот режисер Paolо Sorrentinо, Youth.  Како напнат трилер, го издвоивме филмот Room кој со самата најава не мами да одиме во кино на премиерата.

Марсовец, е секако еден од нашите кандидати за номинација на Оскар, но него исто така ќе го видите на кино.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваBlack Mass | Криминалот на бостонските улици
Следна објаваБи сакале ли да пробате поинакво банкарство?
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР